ФОТО: Лазаров, најдобар десен бек во ASOBAL лигата

Вечерва во Леон, капитенот на македонската репрезентација и звездата на Барселона, Кирил Лазаров го доби признанието за најдобар десен бек за минатата сезона во ASOBAL лигата. Во предвечерјето на ASOBAL Купот, кој утре почнува во организација на Адемар Леон, шампионот ги собра наградите.

Гала-вечерта мина во апсолутна доминација на членовите на каталонскиот гигант, па така покрај Лазаров награди добија и Виран Морос (најдобар дефанзивец), Даниел Шариќ (најдобар голман), Виктор Томас (најдобро десно крило), Јеспер Нодесбо (најдобар кружен напаѓач) и Никола Карабатиќ, кој ја доби наградата за најдобар ракометар во АSOBAL за сезоната 2013/2014.Лазаров ја доби и наградата Powerade по втор пат во ASOBAL лигата, за ракометар со најмногу настапи во шампионатот 2013/14 - 38 настапи.




