hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Расте колекцијата на Лазаров: 3 ASOBAL Куп, 16 шпански трофеј, 42 во кариерата

1509086 10152072175677210 1363775039 n1

Втора година по ред Кирил Лазаров и Барселона календарската година ја завршуваат со трофеј од ASOBAL Купот. Ова е 10 освојување на овој трофеј за славниот каталонски клуб од вкупно 25 изданија, а трето на Лазаров кој еднаш го освои со Атлетико Мадрид и два пати со Барселона. Со овој трофеј тој има вкупно 42 трофеи во кариерата, од кои 16 откако пристигна во Шпанија.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 1 со Барселона (Шпанија)

Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)

Share