ФОТО: Македонија едвај чека да излезе на мегдан на тунижаните
![]()
Македонија никогаш не го победила националниот тим на Тунис на официјален меч и утре ќе бара „трета среќа„ Момците на Обрван денес го одработија редовниот тренинг во големата „Духаил спортс центар арена„ и на истиот можеше да се забележи интензитет, желба и мотиви. Ментално не треба да не заплаши силата и на моменти грубата игра на момците на Хасанефендиќ. Оваа генерација е подготвена да го положи тестот, кој може да ни го означи турнирот. Барем за реванш од поразот во Вараждин на 17 јануари 2009 година.
Технологијата влезе за прв пат и во ракометот
![]()
По примерот на фудбалот и ракометот од ова светско првенство воведува технологија за помош на судиите во ситуации гол - не гол. Така на сите натпревари на светското првенство специјални камери ќе бидат поставени на стативите и ќе регистрираат дали топката ја минала гол линијата или не.
„Handball-planet„ предвидува деветто место за Македонија во Катар
![]()
Специјализираниот ракометен сајт „Handball-planet„ прогнозира дека македонската селекција mундијалот во Доха ќе го заврши на деветтото место, откако групната фаза би ја завршиле за третото место зад Хрватска и Тунис со што во осминафиналето би вкрстиле со Словенија, која според нивните предвидувања би завршила како второпласирана во А групата.
ФОТО: Не очекува мундијал во супер модерни и нови арени
![]()
Ова светско првенство ќе се игра во нови, модерни и величевствени спортски сали. Нашата селекција ќе ги почувствува сите објекти кои организаторот наменски ги изгради за овој настан или за останатите големи спортски собири. Салата „Али бин Хамад ал Атијах" во Доха е повеќенаменската сала проектирана за ракометниот клуб Ал Саад за потребите и на клубскиот и репрезентативниот ракомет.
ФОТО: Прв тренинг на црвено-жолтите во „Лусаил арената„
![]()
Во претходните неколку дена македонските ракометари имаа тренинзи во помошната сала во Ал Сад, но синоќа за прв пат влегоа и на борилиштето каде во петок ќе го играат деби мечот со Тунис. „Лусаил„ е најголемата сала во Доха каде ќе се играат натпреварите на долго очекуваниот мундијал.
Шведска, Франција и Романија се водечки на вечната листа
![]()
Вкупно 10 земји најмалку еднаш го освојувале светското ракометно првенство, а на вечната листа со по 4 титули водечки се Франција, Шведска и Романија. Во шест случаи домаќинот на мундијалот станал светски владател: Германија во 1938 и 2007 година, Романија во 1970, Франција во 2001, Шведска во 1954 и Шпанија во 2013.
Лазаров меѓу идеалните седум на Лино Червар
![]()
Во интервјуто со хрватскиот весник „24 часа", тренерот на Металург и светскиот првак со Хрватска, Лино Червар ја одбра неговата идеална постава од седум ракометари кои настапуваат на Светското првенство во Катар. Место во неа има и за капитенот нашата селекција Кирил Лазаров.
Лазаров: „Главната опасност против Тунис доаѓа од Хасанефендиќ„
![]()
Нашите ракометари веќе се подготвуваат за првата „домашна задача„ која се вика - Тунис. Од првиот натпревар и исходот во петок против африканците, зависат многу работи во Б групата. Капитенот Лазаров кој беше во ростерот и кога претходно на големите приредби игравме со туниските горостаси, најголема опасност гледа во нивниот искусен селектор, кој добро ги знае нашите врлини и маани. Но исто така и ние комплетно со скениравме неговиот стил и неговите ракометари:
Од скопската нула, ракометарите во Доха се на +24
![]()
Mакедонските ракометари според планот пристигнаa во главниот град на Катар, Доха. Претходно нашите ракометари учествуваа на меѓународниот турнир во Нант, па променија три температурни зони, три различни клими. Од скопскиот снег и температурата околу и под нулата, преку сончевите 10тина степени во Франција, до катарските 20 и преку 20.
ФОТО: Репрезентативците го одработија првиот тренинг во Доха
![]()
Откако синоќа слетаа во Доха и ги решија недоразбирањата со натписот на репрезентативниот автобус, македонските ракометари денес го одработија првиот тренинг на катарско тло. Момците на Обрван работеа во помошната сала во Лусаил, а мечевоте ќе се играат во ултрамодерната „Лусаил хал".




