Одлично второ полувреме, Македонија го надигра жилавиот Израел
Македонија - Израел 31:28 (14:15)
Македонската ракометна репрезентација ја забележа третата победа во третиот контролен натпревар пред Европското првенство. Овој пат одигравме добро второ полувреме за триумф над Израел од 31:28.
Лазаров: Играчите беа фокусирани до самиот крај, сега имам јасна слика!
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров по победата попладнево над Кувајт искажа задоволство од натпреварот, од реакцијата на играчите кои покажале карактер и се бореле до самиот крај. Лазаров нагласи дека, и да бил поинаков исходот, немало да има очајување.
Македонија со супер-финиш го совлада Кувајт во вториот тест во Маврово
![]()
Македонија - Кувајт 22:21 (11:12)
Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Кувајт со 22:21 во Маврово, во дуел од подготовките за Европското првенство. Нашиот национален тим одигра меч во кој резултатски беше во негатива во првото полувреме со 11:12, во второто ја надополни разликата со 11:9 и победи со гол разлика за конечни 22:21.
Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП
![]()
Македонската сениорска репрезентација денеска во првиот пријателски натпревар против Кувајт славеше убедливо со 31:21 во подготовките за Европското првенство 2022.
Селекторот Кирил Лазаров е среќен за добриот резултат кој не му е во прв план, туку поважно е како ќе се однесуваат неговите репрезентативци во текот на натпреварите.
Победен Кувајт во првиот тест, Македонија победнички ги почна подготовките
![]()
Македонија - Кувајт 31:21 (14:13)
Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Кувајт со убедливи 31:21, во првиот подготвителен меч пред Европското првенство, кое се игра во јануари.
Лазаров: Цврсто стоиме на земја, но веруваме во убави работи
![]()
Eвропското првенство во јануари ќе биде првиот голем турнир за Кирил Лазаров како селектор на нашата најдобра селекција.
Ракометниот тим го продолжува континуитетот со новиот настап на уште едно големо натпореварување.
Лазаров прозиваше, Македонија ги започна подготовките за ЕП 2022
![]()
Македонската ракометна репрезентација денес го одржа првиот собир и ги започна подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Селекторот Кирил Лазаров првата прозивка ќе закажа во хотелот „Александар Палас".
Лазаров дојде до 56-от трофеј во кариерата
![]()
Освоениот Лига Куп на Франција е втор трофеј на Кирил Лазаров во земјата на актуелниот олимписки победник, по трофејот од Суперкупот (Трофеј на шампиони). Овој трофеј е 56-ти во кариерата на Лазаров и уште еден показател за неговиот победнички менталитет и долготрајност.
Нант го распарчи Шамбери и го освои Лига Купот на Франција
![]()
Нант - Шамбери 28:21 (15:11)
Перфектниот викенд во Мец е заокружен со трофеј за Нант и Кирил Лазаров. Прекрасната приказна на „виолетовите" кулминираше со втората победа во два дена, овојпат против Шамбери со 28:21. Навидум полесно од предвиденото беше победен тимот кој вчера го изненади ПСЖ и спречи финале на Лазаров и другарите против најскапиот тим во Европа.
Лазаров го сруши Монпелје и го однесе Нант во финалето на Лига Купот
![]()
Нант - Монпелје 27:26 (11:12)
Во финалето на Лига Купот на Франција во ракомет ќе играат Нант и Шамбери, а не фаворитите ПСЖ и Монпелје. Најзаслужен за ваквото сценарио е Кирил Лазаров, автор на победеносниот погодок на Нант во дуелот од второто полуфинале против Монпелје. Македонската легенда уште еднаш покажа дека кога најмногу е потребно тој е секогаш подготвен на предизвикот и пак го направи вистинскиот избор. Утре попладне Лазаров ќе се бори за својот прв трофеј во францускиот ракомет.




