
Египет - Македонија 31:26 (16:13)
Машката ракометна репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар против Египет на гостувањето во Каиро во рамките на ЕХФ неделата.
Откако вчера беа совладани сo седум голови разлика (32:25), попладнево македонските ракометари загубија со пет разлика 31:26 (16:13).
Филип Талески постигна девет гола, Цветан Кузманоски имаше седум реализации, а Мартин Велковски стрелаше пет пати во нашата селекција.
Дуелите против Египет, на селекторот и капитен Кирил Лазаров му послужија да ја увиди моменталната форма на повеќемина ракометари, а пред се помладите, од кои ќе треба да се профилира составот кој во јануари месец ќе настапи на Европскиот шампионат.a