hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Имаме јасна идеја како подготвени да го дочекаме Европското првенство

download

Македонските сениори денес ја имаа првата средба, пред патот за Египет, каде што ќе одиграат два контролни натпревари со олимпискиот полуфиналист.

Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров се сретна и со новинарите и зборуваше за плановите на сениорскиот тим во престојниот период.

„Направивме целосна анализа од четирите натпревари кои ги одигравме во квалификациите. Знаеме кои се добри работи, но и кои се лоши кои треба да ги поправиме. Имаме јасна идеја како треба да одиме напред и што да работиме за да го дочекаме подготвени Европското првенство. Инсистирав за време на подготовките да имаме посилен противник од европски и светски рамки. Прва опција ни беше Шпанија, но жал ми е зошто не успеавме да се договориме. Требаше да патуваме со три летови и автобус, но сметам дека и Египет како противник воопшто не е лоша опција", вели селекторот.

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Црна Гора, Словенија и Данска.

Share