hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса пристигна во Скопје без Рутенка

kire i moras

Попладнево со чартер лет од Барселона, најсилната екипа во групата, а веројатно и во Европа пристигна во Скопје, каде утре ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза против скопски Металург. Момците на Пасквал се враќаат на местото на настанот, каде единствено не победија оваа сезона.

Повеќе...

Лазаров: „Металург е многу подобар од есента„

Kire-Lazarov03

Вечерва со чартер лет од Барселона, првакот на Шпанија и европскиот вицешампион патува за Скопје, каде единствено не успеа да победи оваа сезона и тоа во мечот со Вардар во септември минатата година. Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров одигра одличен меч против Металург во „Палау Блауграна„ каде каталонците убедливо славеа. Сега тој смета дека македонскиот вицешампион напреднал за разлика од првата половина на сезоната:

Повеќе...

ФОТО: Како каталонците се одмараат од ракомет

kuvari 1

Победата против Гвадалахара беше 19 од исто толку натпревари во ASOBAL лигата. В недела во Скопје против Металург, момците на Хавиер Пасквал ќе ја завршат првата групна фаза од Лигата на шампионите и како и во првенството целта е остварена. За да се одморат од ракометот и да го засилат тимскиот дух, кој и тоа како функционира, ракометарите на Барса добија необичен тест.

Повеќе...

И Гвадалахара мина како ПСЖ

barca - guadalajara

Барселона - Гвадалахара 37:25 (21:9)

Во вонредното 19 коло од ASOBAL лигата, ракометарите на Барселона во „Палау Блауграна„ во сосема поинаков амбиент за разлика од мечот со ПСЖ, момците на Пасквал забележаа уште една победа пред гостувањето кај Металург во Скопје. Првакот одлично го отвори мечот и со два брзи гола на крилата Страновски и Томас, момците од Каталонија поведоа со 2:0. Минаа повеќе од 7 минути додека гостите од Гвадалахара за прв пат погодија. Гиљермо Валадао Гама од линијата од шест метри погоди за 3:1.

Повеќе...

Микаел Робин замена за повредениот Штербик

mikael robin

28 годишниот французин Микаел Робин е нов голман на Барселона, која го ангажираше до крајот на сезоната, по повредата и оперативниот зафат врз Арпад Штербик. Робин е роден во Стразбур, настапувал за Селестат, Шамбери и Монпеље од каде што доаѓа во Каталонија.

Повеќе...

ВИДЕО: Зад сцената на Барса - ПСЖ

rakomet barca - p s g

На официјалната веб страна на Барселона, денес е претставено видеото кое во само 4 минути ја прикажува другата страна на големото дерби од 9 коло на групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и ПСЖ.

Повеќе...

Ждрепката за осминафинале на 25 фебруари

ehf champion league logo

Европската куќа на ракометот денес информираше дека ждрепката за осминафиналето на машкото издание на Лигата на шампионите ќе се изврши на 25 фебруари во седиштето на ЕХФ во австрискиот главен град Виена. Исто така веднаш по основната ждрепка ќе бидат извлечени паровите и за останатите купови во машка конкуренција.

Повеќе...

ФОТО: Лазаров промотер на Магнифлекс за Македонија

mag5

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров стана промотер на познатиот италијански бренд за душеци и перници - Магнифлекс. Тој направи фотосесија за оваа компанија, која деновиве беше промовирана. Ова не е ново искуство за Лазаров кој и претходно бил дел од проекти од ваков карактер.

Повеќе...

Лазаров суперспортист на 2013 година според Сител

sitel

На пригодна свеченост синоќа во ТВ Сител по 20 пат беше оджана манифестацијата „Асовите бираат асови" на која на најуспешните во спортот во претходната година и се доделуваат спортски оскари. Ракометарот на Барселона и капитенот на националната репрезентација, Кирил Лазаров беше прогласен за супер-спортист на годината, со што уште еднаш однесе награда во овој традиционален избор.

Повеќе...

Штербик в понеделник ќе биде опериран

arpad sterbik 2

По блескавата победа над ПСЖ, наместо радост и задоволство по ракометната лекција која големата Барса му ја „сервираше„ на францускиот првак, лоша вест ги „погоди„ каталонците. Имено на почетокот на второто полувреме на предпоследниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, шпанскиот репрезентативен голман Арпад Штербик го повреди коленото и го напушти мечот, одстапувајќи му место на Даниел Шариќ.

Повеќе...