hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Marca: „Лазаров - тивкиот голгетер„

Lazarov el goleador silencioso - MARCA

Во својот вчерашен текст, тиражниот шпански дневен спортски весник „MARCA„ го опишува Кирил Лазаров како тивкиот голгетер, кој не е така медијски експониран како останатите звезди на Барселона. Весникот го претставува Лазаров како идол на нацијата, но не е често во фокусот на медиумите во Шпанија како Карабатиќ и Рутенка.

Исто така нашиот интернационалец беше со овации пречекан на мечевите на Барселона со Вардар и Металург „Тој е скромен и фамилијарен и покрај спектакуларниот пат во неговата кариера„ пишува „MARCA„ Импресивни се сите трофеи кои во кариерата ги освои „тивкиот голгетер„ а сезонава ќе стане национален првак и во четвртата земја каде што настапувал.

Share