Димитриевски: „Ми помогнаа советите на Кире„

За прв пат во историјата на шпанската ASOBAL лига двајца македонци играа еден против друг. Иако разликата во квалитет на нивните екипи е голема, Кирил Лазаров и Дарко Димитриевски имаа позитивни моменти во надигрувањето во меч од Купот на Кралот помеѓу Барселона и Пуерто Сагунто. Дарко Димитриевски беше еден од најдобрите играчи во својот тим, постигнувајќи 5 гола, а притоа одигра одлично и во одбраната. Пуерто Сагунто убедливо загуби со резултат 44:27. По мечот Димитриевски беше полн со комплименти за капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров:
„Ова беше одличен натпревар за мене. Презадоволен сум како го одиграв натпреварот, а посебно како одиграв во одбраната. Кире е многу добар човек. Неговите совети ми помогнаа да одиграм така добро како што одиграв„ зарши новот ракометар на Пуерто Сагунто.




