hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пасквал: „Со Кире и Никола добивме на глад за титули„

Во интервјуто за официјалната веб страна на ASOBAL лигата, тренерот, на Барселона Хавиер Пасквал говореше за текот на сезоната и засилувањата кои ја направија Барселона прав дрим-тим: „Никола Карабатиќ донесе нов предизвик, потпишувајќи за Барселона. Тој е исклучителен ракометар. Тој ни дава многу, а знае и дека екипата исто така му возвраќа. Тој е хиперинтелегентен. Денес е движечка сила на Барса, исто како и некои други ракометари.

Лазаров е различен по персоналитетот за разлика од Карабатиќ. Многу сум задоволен од неговата професионалност. Ако зборуваме дека Карабатиќ има голема желба да го освои својот прв Final four, тогаш Лазаров има уште поголема желба да ја освои својата прва Лига на шампиони. Тој е многу важен фактор за нас и со потпишувањето со двајцата добивме ракометари кои се „гладни„ за трофеи„ заврши околу новајлиите Пасквал. Тренерот на Барселона во целосното интервју го испофали и наредниот европски ривал Алборг, а не ја заборави ниту школата на клубот која секогаш била значаен фактор во Барселона.

Share