hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров најдобар, Барса пак незадржлива

barca viktor tomas

Барселона - Грањолерс 41:29 (23:15)

Во реприза од финалето на ASOBAL Купот, Барселона на многу убедлив начин го совлада Грањолерс и се доближи до математичка потврда на нова шпанска титула. Самиот пристап во натпреварот беше показател дека нема шега со Барса. Фаворитот со Кирил Лазаров на чело, мечот го почна фантастично и по 5:1, гостинската клупа побара тајм-аут.

Лазаров со два гола од неговата позиција на десен бек и еден успешно реализаран седмерец, беше прво име на раната фаза во мечот. Грањолерс преку Салинас Муњоз и Мартинез се доближи до 6:3, но пак Лазаров со еден проектил и еден гол од контранапад, ги спушти гостите на земја (10:5). Не мина ни половина од првиот дел, а разликата беше двојно поголема. Ајтор Арињо и Лазаров со шестиот гол во 14 минута зголемија на 12:6. Само Родриго Салинас Муњоз со три гола низ одбраната на Барселона, одржуваше пристајно заостанување, но веќе беше извесно дека победникот е решен во раната фаза на мечот. Полека но сигурно во тимот на Пасквал се разиграа сите ракометари, па Томас погоди два пати од контранапад, па уште два гола на Нодесбо од линијата, а Лазаров само ја запечати гостинската екипа.

Со осум гола во првиот дел капитенот на македонската репрезентација беше додадена вредност на оваа Барселона, која е за класа подобар ривал од сите шпански ASOBAL лигаши. Со 23:15 на полувреме, беше најавена вообичаената квота од 40 постигнати гола и 20 разлика во полза на шампионот на Шпанија. Како и првиот, така и вториот дел започна со мини-серија на домашната екипа. Хуанин Гарсија, Виктор Томас и Кирил Лазаров погодија во низа и Барса првата двоцифрена предност ја донесе во 34 минута (26:16). Првиот гол го постигна и Гурбиндо, па Сорондо од линијата ја годи целта за 31:18. Се до крајот беше чиста ритуна.

Паднаа сите шаблони, одбраните како да не постоеја и со лесни голови домашната екипа го донесе мечот пред реализација. Карабатиќ влезе во ритам и со три гола во само две минути, точно на половина од вториот дел, Барселона поведе со 36:24. Раул Кампос со два гола во 50 минута намали на 36:27. До крајот, два пати погоди Дани Сармиенто, а судбината на Грањолерс ја запечати Раул Ентрериос со 41 гол за фаворитот. Финалните 41:29 ги постави Алберт Пујол Армендариз на шест секунди до крајот. Нова победа на фаворитот, кој делуваше разиграно и многу мотивирано. Лазаров со 10 гола од 11 обиди беше убедливо прво име во победничката екипа. Карабатиќ додаде 6 гола, а Данијел Шариќ собра 14 интервенции. Кај Грањолерс Родриго Салинас Муњоз со 7 гола беше најпозитивниот, а Виктор Домингез постигна 5 гола од исто толку обиди. 21 победа од исто толку средби во ASOBAL лигата за ракометарите на Барселона и им следи недела со само една активност, тоа е гостување то кај Хелветиа Анаитасума наредната сабота.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледете ТУКА:

Share