Убедлива победа во Велес на дебито на КЛ7 во Првата лига
![]()
Дебитантот во Првата лига, екипата на КЛ7 полесно од очекувањата дојде до победа над минатогодишниот суперлигаш ГРК Борец среде Велес со резултат 13:35.
Нант пак победува, совладан Сант Рафаел во дербито од третото коло
![]()
Во последниот натпревар од третото коло на францускиот шампионат, Нант извојува победа против Сант Рафаел со 28:22 (13:13) и им се врати на победите по поразот на теренот на ПСЖ во второто коло.
Првото дерби за шампионот, ПСЖ го совлада Нант во Париз
![]()
ПСЖ го совлада Нант со 32:29 (18:16) во првото големо дерби во новата сезона на францускиот шампионат во ракомет. Во рамките на второто коло, првакот пред своите гледачи го надигра тимот на Алберто Ентрериос и изби на врвот со две победи од исто толку одиграни натпревари.
Шпанецот Антонио Гарсија потпиша за Нант
![]()
Непосредно пред денешното дерби против ПСЖ во главниот град на Франција, клубот во кој настапува нашиот Кирил Лазаров, Нант донесе уште едно засилување. Нов член на поранешниот европски вицешампион е поранешниот шпански репрезентативец Антонио Гарсија Робледо.
Кадетите на КЛ7 петтопласирани на турнирот во Бања Лука
![]()
Македонија на турнирот за млади категории ја претставуваа две екипи, а КЛ7 го освои петтото место во категорија на кадети, родени 2002 и помлади. Во силна конкуренција на десет екипи од регионот, екипата на КЛ7 запиша три победи и два порази и го освои петтото место, зад Борац, Метолопластика, Максимир Паштела и ППД Загреб.
Почеток на сезоната со победа за Нант и Кирил Лазаров
![]()
Нант - Данкерк 29:24 (14:11)
Започна новата сезона во францускиот ракометен шампионат, а трите најдобри екипи иззвојуваа победи во првото коло. Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешен старт во новата сезона во Франција.
У17 тимот на КЛ7 ќе учествува на силен турнир во Бања Лука
![]()
Македонскиот ракометен клуб КЛ7 со својата кадетска екипа, ракометари до 17 години, ќе ја претставува нашата земја на Интернационалниот турнир во Бања Лука. Кадетите на КЛ7 ќе се надигруваат во силна конкуренција, а за младите момчиња тоа ќе биде драгоцено искуство.
Надигран Сесон Рен во последниот тест пред дебито во шампионатот
![]()
Нант - Сесон Рен 34:24 (18:15)
Новата сезона во францускиот ракомет само што не започнала. Европскиот вицешампион од сезоната 2017/18, Нант на новиот тренер Алберто Ентрериос со убедлива победа против Сесон Рен ќе го дочека дебито и дуелот со Данкерк. Синоќа Нант славеше со 34:24 (18:15), а играа скоро сите ракометари во ростерот.
Нант ги заврши подготовките, дебитира во шампионатот против Данкерк
![]()
Ракометарите на Нант со одигрувањето на деветтиот натпревар во 20 дена ги завршија подготовките за новата натпреварувачка сезона во Франција. Екипата на нашиот репрезентативец Кирил Лазаров се соочува со нов предизвик во францускиот шампионат, овој пат со Алберто Ентрериос на клупата,
Лазаров најефикасен, Нант победнички стартуваше во Стразбур
![]()
Ракометарите на Нант со победа стартува на „Еуро-турнирот" во Стразбур кој традиционално е најава за сезоната во францускиот ракомет. Во мечот од првото коло во групата, екипата на Алберто Ентрериос го потврди одличниот тренд во подготвителниот период и во финишот го скрши тимот на Елверум за победа од 35-32.




