
Кирил Лазаров и Нант го дознаа ривалот на денешната жрепка за полуфиналето на Лигата на шампионите. Тие на 12 јуни во „Ланксес Арена" во Келн ќе се сретнат со Барселона, која одново е прв фаворит, а вториот, ПСЖ истиот ден ќе има меч со изненадувањето Алборг.
Откако Лазаров и неговите соиграчи го шокираа фаворизираниот Веспрем во четвртфиналето, сега ќе мора да направат уште поголемо изненадување.
Полуфиналe:
Барселона - Нант
ПСЖ - Алборг
Финалето на најдоброто клупско континентално, па и светско ракометно натпреваррување е предвидено за 13 јуни.