
Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на Б репрезентација за претстојните пријателски натпревари со репрезентацијата на Србија закажани на 19 и 20 јуни 2021 година во Ниш.
На списокот се 35 имиња, само ракометари од домашното првенство и главно млади надежи на националниот тим.
Натпреварите се дел од ЕХФ неделата и подготовките на репрезентацијата за Европското првенство во Словачка и Унгарија.
