Германски судии ни судат против Тунис
![]()
Ларс Геипел и Маркус Хелбиг од Германија се делегирани од IHF за судии на мечот Македонија - Тунис денес од 15:00 часот по македонски време во „Лусаил арена„ во Доха. Истите судии ја делеа правдата и на првиот натпревар на последното европско првенство меѓу Данска и Македонија.
Митревски и Димовски на трибините против Тунис
![]()
Кружниот напаѓач Ванчо Димовски и голманот Николче Митревски испаднаа од ростерот за мечот со Тунис, откако селекторот Ивица Обрван го објави списокот на 16 играчи кои ќе го почнат мундијалот. На техничкиот состанок неколку часа пред мечот нашата делегација ги пријави играчите со кои ќе настапат, а според пропозициите можеме да извршиме две замени во текот на првенството.
Лазаров за „ДЕРБИ„: Најважни ни се два датуми и два натпревари„
![]()
Во пресрет на дебитанскиот меч на македонската репорезентација на мундијалот во Катар и мечот со Тунис,капитенот Кирил Лазаров со оптимизам сака да го почне својот четврт шампионат на светот. Тој во изјавата за „ДЕРБИ„ потенцираше дека секој меч е важен, но два натпревари и два датуми се од одлучувачка важност за нашето првенство:
ВИДЕО: Марковиќ: „Одиме чекор по чекор, осминафиналето е далеку„
![]()
Искусниот црногорски леворак бек, Жарко Марковиќ, кога најмногу требаше постигна клучни голови и придонесе Катар да ги прокнижи првите бодови на шампионатот. Тој беше пресреќен и потврди дека Катар оди од еден до друг противник во групата и не размислува за понатаму, па и за евентуален меч со Македонија:
Марковиќ и Шариќ му донесоа историска победа на Катар
![]()
Катар - Бразил 28:23 (15:12)
24 светско првенство го отвори дуелот на две селекции водени од шпански тренери и очекувано се радуваше поискусниот Ривера. Домаќинот Катар одлично го отвори мечот со динамичниот Бразил. Шариќ на голот и Хасаб Аба во првите 10 минути направија разлика и Катар поведе со 12:6. И Жарко Марковиќ со 3 гола во првиот дел ги оправда очекувањето од него.
Се е спремно за спектакуларното едночасовно отворање во Доха
![]()
Големата „Лусаил спорт арена„ во Доха е подготвена за најспектакуларниот церемонијал на свечено отворање на еден ракометен мундијал. 24 светски самит на машкиот ракомет ќе биде отворен со едночасовно шоу во режија на „Дејвид Еткинс Ентерпрајс„ Исто така на трибината со новинарите ќе биде истакнато огромно знаме со димензии 50 метри должина и 30 метри висина.
Лазаров: „Очекуваме агресивен Тунис, но ќе одговориме со интелегенција„
![]()
Во голема форма капитенот Кирил Лазаров го очекува мечот со Тунис и се надева дека како и во Шпанија 2013 година кога го совладавме Чиле на стартот, пак со триумф ќе почнеме едно светско првенство:
ФОТО: Фалангата се групира и се зголемува низ Доха
![]()
Многу тунижани живеат во Катар и утре за мечот со нашата репрезентација се очекува голема подршка за селекцијата вицешампион на својот континент. Но полека се зголемува и бројот на македонски навивачи, кои деновите или пристигнаа или во секој момент треба да пристигнат во Доха.
ФОТО: Претседателот Иванов ги охрабри ракометарите пред утрешното деби
![]()
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов се наоѓа во Доха, каде денес по пладневниот тренинг ги посети нашите ракометари во нивниот хотел и ги охрабри пред утрешното деби на мундијалот:
„Знаете дека нацијата верува во вас и знаете што очекува од вас. Сите со нетрпение го чекаме утрешниот меч со Тунис и се надеваме на што е можно подолг останок во Катар„ им порача Иванов на ракометарите.
Рутенка: „Не би играл против цимерот во осминафиналето„
![]()
Во својот клуб се пријатели и цимери, а во националните репрезентации не се соочиле еден против друг, но можно е во осминафиналето на мундијалот во Катар, Македонија и Белорусија да се сретнат. Сергеј Рутенка и Кирил Лазаров се европски рекордени по бројот на освоени трофеи во кариерата и двајцата се „суво злато„ за своите репрезентации. Рутенка не ја посакува Македонија во Доха и во разговорот за ЕКИПА потенцираше дека таа тема често е на дневен ред меѓу цимерите:




