
Синоќа започна втората фаза од репрезентативните подготовки за СП во Катар. Во попладневниот термин се одржа првиот тренинг воновата година, а од денес ракометарите продолжуваат со редовните два тренинга дневно. До Божиќ репрезентативците ќе тренираат во полн состав, а на 8 јануари во Нант ќе заминат само 18 ракометари, кои ќе не претставуваат на турнирот во Франција, а потоа и на мундијалот.
Добра вест е враќањето на одбранбениот столб Аце Јоновски, кој ја санираше повредата и од денеска тренира со полн капацитет.