hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Мусави: „Македонија е добар тим, против Босна останавме без здив„

BOSNIA AND HERZEGOVINA - IRAN 150116Qatar 2015 M2 BIH vs IRI- HOR8519 original

Сајед Алиреза Мусави е еден од џиновите во иранскиот состав и еден од оние кој најдолго остана во игра на мечот со Б и Х, кој тој и неговите соиграчи го загубија. Тој има договор со Веспрем, каде покрај ракометни величини и покрај неговиот сонародник Жемали има простор за напредок. Но во склоп на иранскиот тим, Мусави се истроши и целиот тим на Мачек по одморот на полувреме „потона„ и му дозволи на противникот лесно да го сврти резултатот.

Повеќе...

Катарски судии ќе ни судат на мечот со Иран

mak-tuni-1

Менсур Абдуал Ел Суваеди и Салех Жаман Бамутреф од Катар ќе бидат судии на мечот Македонија - Иран денес од 17 часот по средно европско време. За прв пат катарски судии ќе ја делат правдата на меч на нашата селекција на мундијал. Официјални лица се Хозе Антонио Хуелин од Шпанија, Салвио Седрез од Бразил и Марко Този Бранди од Италија. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани за мечот Бразил - Шпанија во „Духаил арената„ од 17 часот. Драган Начевски е официјално лице на средбата Чиле - Катар во „Лусиал арена„ во 17 часот.

Обрван: „Планот е секој да добие минутажа, но да не трпи резултатот„

ivica-obrvan-pres-doha-615x400

Јасни идеи и оптимизам го красеше селекторот Ивица Обрван на денешниот брифинг со новинарите во пресрет на средбата со Иран. Најави дека е презадоволен од целиот свој ростер од мечот со Тунис и дека ќе го искористи секој повикан ракометар и на мечот со Иран попладнево:

Повеќе...

ВИДЕО: Манасков: „Нема да им дозволиме на иранците да играат на контакт“

brifing-624x468

Најдобриот македонски репрезентативец спорт IHF на мечот против Тунис, Дејан Манасков разговараше со новинарите во пресрет на мечот со Иран, кој може по втор пат да ни донесе две врзани победи на едно светско првенство. Пред две години на мундијалот во Шпанија, во првите две средби ги совладавме Катар и Чиле. Сега сме на праг да го израмниме тој наш резултат:

Повеќе...

ВИДЕО: Кајмаковски со „Фалангата„ колоритен втор ден во „Лусаил арена„

mak-tuns-18

Македонската Фаланга уште по првиот натпревар на СП во Катар ја разнесе својата победничка песна, а еден од најгласните беше Даниел Кајмакоски. Популарниот пејач им се придружи на навивачите на трибините и заедно го прославија триумфот над Тунис со „Македонија, Македонија...", „Излези момче..."

Повеќе...

ВИДЕО: Естеки: „За нас ова е прв шампионат, неискуството е видливо„

BOSNIA AND HERZEGOVINA - IRAN 150116Qatar 2015 M2 BIH vs IRI-SUKI3913 original

Во март ќе наполни 27 години и со оваа иранска репрезентација е веќе долго време. Искусниот Алахкарем Естеки и против Б и Х во првиот натпревар на мундијалот покажа дека е лидер на оваа репрезентација, но неговите репрезентативни колеги се главно млади и неискусни и тој тоа го смета за најголем хендикеп на ова првенство. Забележлив беше падот во второто полувреме на избраниците на Борут Мачек:

Повеќе...

ВИДЕО: Ристовски: „Одбраната ми помогна и ми ја олесни работата„

borko-ristovski-624x475

60 минути со висока концентрација и многу квалитет понуди Борко Ристовски на мечот против Тунис и има голема заслуга што противникот во вториот дел не се спушти под три гола. Скоро половина од своите интервенции голманот на Кретеј ги имаше кога имавме човек помалку што има посебна тежина:

Повеќе...

ВИДЕО: Н. Мојсоски: „Работев напорно, ослабев 5-6 колограми и ја надминав бариерата„

mnomce

Мечот со Тунис и нивните горостаси, со нивната агресивна, во првото полувреме и груба игра беше сериозен испит и за нашиот организатор Наумче Мојсоски. Нешто повеќе од една година од неговата сериозна повреда во дресот на Металург, стружанецот се врати во вистински момент и не се штедеше во најважниот меч во групната фаза во Доха. Мојсоски колку што се радуваше за победата на тимот, по мечот беше среќен и што уште еднаш покажа дека ова е нов негов почеток, а на репрезентацијата и тоа како му е потребен:

Повеќе...

Мачек: „Ако не добиеме термини за нормален тренинг, немаме шанси со Македонија„

macek-624x390

Нешто слично како Ивица Обрван пред два дена и селекторот на Иран. Борут Мачек се пожали на хаотичниот распоред на тренинзи на светското првенство. Преместувањето од сала во сала, неизвесноста до последен момент, лошите термини кои најчесто не кореспондираат со мечевите кои следат повеќе го изнервираа Мачек од самиот пораз од Босна:

Повеќе...

Лазаров слуша „Македонија„ од Дадо Топиќ и „бомбардира во Доха

mkd-tun-6

Големата Барселона ги следи своите ракометари кои учествуваат на светското првенство, а ги има дури 12, скоро сите професионалци во погонот на Пасквал. Така на својата официјална веб страна направи мала забавна анкета, во која ги праша своите ракометари која музика ја слушаат на своите телефони за време на првенството во Катар.

Повеќе...