Лазаров му возврати на Хајневетер
![]()
Спортското ривалство е прекрасно затоа што нуди секогаш можност за нова шанса. Така германскиот чувар на мрежата Силвио Хајневетер ни остави лош впечаток со неговиот настап и однесување на светското првенство во Шпанија во јануари.
Агинагалде паузира три недели
![]()
Победата во Берлин остави траги врз големиот шпански клуб Атлетико Мадрид и националната репрезентација на Шпанија. 2-3 недели баскиецот Хусен Агинагалде ќе биде надвор од стројот како што потврдува неговиот клуб.
Креаторите на победата, слават во Берлин
![]()
По тешката сезона преполна со се и сешто, со многу повреди, психолошки моменти, падови и подеми, конечно Атлетико Мадрид издвојува победа која може да биде пресвртница во сезоната. Јунаците на успехот Кирил Лазаров и Хозе Хавиер Омбрадос, кои и приватно се многу добри пријатели, заедно го славеа големиот успех среде Берлин.
Лазаров и Омбрадос го однесоа Атлетико во четвртфиналето
![]()
Фуксе Берлин - Атлетико Мадрид 26:27 (13:14)
Ракометарите на Атлетико Мадрид го продолжија низот од пласман меѓу најдобрите осум на стариот континент. Кога сите ги отпишуваа, Лазаров и другарите славеа среде Германија против Фуксе Берлин и се наоѓаат на само еден чекор до пласман на Final Four во Келн трета година по ред. 12.000 гледачи во Берлин го носеа својот тим до второ учество во големта четворка.
Ривера го замени Алберто со Раул Ентрериос
![]()
Селекторот на репрезентацијата светски првак, Шпанија на Валеро Ривера со најсилниот состав доаѓа во Скопје. Имено Ривера го потврди тимот кој го освои мундијалот со една измена. На местото на „пензионираниот„ Алберто Ентрериос го повика неговиот брат Раул Ентрериос.
Познат првиот список на Обрван
![]()
Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, хрватот Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари за двомечот со Шпанија на почетокот на наредниот месец во рамките од квалификациите за ЕП во Данска. Заради повреда од списокот одпадна Дејан Манасков од Металург.
Егзибиција на Атлетико пред мечот на годината во Берлин
![]()
Атлетико Мадрид - Вила де Аранда 32:18 (18:8)
По ремито во осминафиналето на Лигата на шампионите, најдобра „медицина„ за ракометарите на Атлетико Мадрид беше првенствениот меч со Вила де Аранда во „Висталегре„ во главниот град. Маркусен и Дејвис од самиот старт најавија дека Атлетико по секоја цена бара победа и уверлив настап (2:0) Требаше да минат скоро 8 минути за гостите преку Енрике Плаза да го постигнат првиот гол.
Трилер реми во " Висталегре "
![]()
Атлетико Мадрид - Фуксе Берлин 29:29 (13:10)
Осминафиналниот меч од Лигата на шампионите, ракометарите на Атлетико Мадрид го подготвија како да се работи за финале. Дури и капитенот Омбрадос се опорави по половина година и влезе во официјалниот протокол, иако се уште не е доволно подготвен за ваков тим на натпревар. „Висталегре„ во Мадрид со втора најголема посета оваа сезона, како да се игра против Барселона.
Лазаров детално и лично: Анџелина Џоли „Гладијатор„ Меси, Џоковиќ, Мајкл Џордан
![]()
Во интервјуто за клубската ревија на Атлетико Мадрид „GRADA„ која излезе во етер на неколку дена пред осминафиналето на Лигата на шампионите со Фуксе Берлин, нашиот ракометен ас Кирил Лазаров говори за приватните моменти и неговите херои во и надвор од спортот.
Лазаров: „Лигата на шампионите - моја неостварена цел, но ќе ја освојам еден ден„
![]()
Секое интервју на Кирил Лазаров е полно со новини. Никогаш баначно, секогаш одмерено, така и ова последното за ревијата на Атлетико Мадрид „GRADA„ каде навивачите на својот клуб, македонскиот шампион ги запознава со многу важни детали од неговата кариера.




