hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Реми со Сент Гален за ведрина во македонскиот табор

svajcarija - portugal

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Швајцарија - Португалија 26:26 (13:15)

Конечно нешто попозитивна вест за македонскиот национален тим. Репрезентацијата на Португалија, која е наш директен конкурент за второто место во групата, одигра нерешено 26:26 во Швајцарија во третиот свој официјален натпревар.

Повеќе...

ВИДЕО: Ривера: „Бевме истата Шпанија од мундијалот„

rivera

Ракометната икона на клупата, фантастичниот Валерио Ривера ги одби сите шпекулации за заминување во Катар и ја мотивираше неговата одбрана чета за уште еден за нив сосема нормален натпревар, кој нам ни изгледаше како дуел на селекција од оваа и од друга планета. Каталонецот по мечот беше и дипломат и искрен.

Повеќе...

ВИДЕО: Ристовски: „Потфрливме, но игравме со многу моќен ривал„

borko 3

Голманот на нашата репрезентација Борко Ристовски трезвено го анализираше натпреварот со фаворитот Шпанија. И пред мечот беше илузорно да се очекува подвиг, но работите си дојдоа на свое по 60 минути во СЦ „Борис Трајковски„ Оваа Шпанија е многу силен тим, не случајно е светски првак.

Повеќе...

ВИДЕО: Раул Ентрериос: „Сериозно пристапивме и заслужено славевме„

raul entrerios

Несреќниот Раул Ентрериос кој не настапи на светското првенство заради повреда на неколку недели пред стартот на турнирот, ја знае причината за триумфот. „Ние многу сериозно му пристапивме на овој натпревар и заслужено победивме. Нашата одбрана е клуч на успехот. И Штербик е во голема форма.

Повеќе...

ВИДЕО: Мојсоски: „Не треба да се разочаруваме, никогаш не сме играле со посилни„

naume

По натпреварот знаци на разочарување кај нашите навивачи, посебно кај оние кои многу очекуваа од дуелот со светскиот првак. Но ракометарот на Металург и нашиот организатор Наумче Мојсоски е свесен вечерва со кого игравме:

Повеќе...

„Фуријата„ и без четворица делуваше како парна машина

spanija super sila

Љубителите на ракометот во нашата земја често имале можност да гледаат врвни репрезентации во нашата земја на официјални средби. Неколку пати гостувал врвниот Исланд со Олафур Стефансон, во Скопје ја поразивме Хрватска како олимписки шампион, Унгарија не совлада во квалификациите за Србија 2012 во меч без повредениот Кирил Лазаров, ја совладавме Силната Југославија 1999 година, но ваков ривал во нашата земја не гостувал.

Повеќе...

Утре епилогот за повредата на Кирил Лазаров

kiril lazarov 8

Најчесто поставуваното прашање по натпреварот со Шпанија сигурно е сериозноста на повредата на Кирил Лазаров. Како често во минатото, капитенот и покрај болките кои ги почувствува во вторникот на последниот тренинг, настапи против селекцијата на земјата каде настапува.

Повеќе...

ФОТО: Обратно навивачкото знаме, како и очекувањата на навивачите

zname

Кај нас постои ракометна еуфорија скоро на сите натпревари, без разлика со кого играме. Дека од Швајцарија во јуни со Шундовски до денешната Шпанија на дебито на Обрван има голема разлика не треба да говориме.

Повеќе...

„Шпанската фурија„ пресилна за црвено-жолтите

kire 0304

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Македонија - Шпанија 17:24 (7:13)

Гостувањето на светскиот првак Шпанија го оправда епитетот ракометен спектакл во нашата земја, слично како пред една и пол деценија кога Хрватска гостуваше во Скопје како олимписки шампион. На дебито селекторот Обрван им даде доверба на Недановски (во стартниот тим) и на Кузмановски, Мајнов и Ангелов за разлика од тимот кој настапуваше на светското првенство. Уште од првиот напад Арпад Штербик најави дека е во голема форма.

Повеќе...

ВИДЕО: Почит за Шпанија, но и Македонија има свои адути

obrvan 02 04 2013

Пред натпреварот на годината и гостувањето на светскиот првак Шпанија и најтрофејниот ракометен тренер во историјата Валеро Ривера, македонската ракометна јавност е „на нозе„ И на прес-конференцијата пред мечот се чувствува важноста на мечот и на бодовите. За македонските медиуми говореа селекторот Обрван и Филип Миркуловски, а капитенот Кирил Лазаров го најави мечот за шпанска „Марка„

Повеќе...