Ждребката за Еуро 2014 на 21 јуни
![]()
Штом бидат одиграни последните две кола од квалификациите на 12 и 16 јуни ќе бидат познати сите репрезентации кои ќе земат учество на наредниот континентален собир во Данска од 12 до 26 јанури 2014 година. „Јиске Банк боксен„ арената во Хернинг ќе биде местото каде ќе се одржи ждребката, а терминот е 21 јуни во 18:30 часот пред пријателскиот натпревар Данска - Полска.
Лазаров и натаму водечки на вечната листа
![]()
Без разлика што разочарувањето на целата екипа на Атлетико Мадрид по елиминацијата од Барселона е големо, нашиот најдобар ракометар повторно може да биде горд на својата сезона. Со 12 сезони по ред во најсилниот европски куп, тој е единствениот на континентот со толку долга серија. Лазаров со преку 100 гола предност сеуште е убедливо водечки на вечната листа на стрелци во европските купови, а со тоа и во Лигата на шампионите.
Уште една одлична евро-сезона за Лазаров
![]()
Својата 12 последователна сезона во Лигата на шампионите, а вкупно 14 во кариерата, Кирил Лазаров ја заврши во четвртфиналето, на само еден чекор до својот трет Final four. Недостигаа само три гола да се елиминира големиот фаворит Барселона. Лазаров по шести пат својот европски пат го завршува во четвртфиналето, прв пат со Атлетико Мадрид.
Душебаев: „Шариќ пак не порази„
![]()
По завршувањето на вторите 60 минути од четвртфиналето на Лигата на шампионите, тренерот на Атлетико Мадрид каризматичниот Талант Душебаев го призна поразот. „Повторно како пред две години во Келн, Даниел Шариќ не порази.
Шариќ го урна германскиот сон на Атлетико
![]()
Барселона - Атлетико Мадрид 32:24 (15:9)
Седум дена по првиот четвртфинален натпревар и победата од +5 во „Висталегре„ ракометарите на Атлетико Мадрид го имаа најтешкиот тест во „Палау Блауграна„ На голот на новиот шпански првак застана Даниел Шариќ и во првата минута два пати му одбрани на крилата на Атлетико Мадрид, Јонас Калман и Гарсија Парондо.
Барса - Атлетико во полуфиналето на Купот на Кралот
![]()
Големото ривалство помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид ќе доживее нова епизода, бидејќи овие две екипи ќе се сретнат уште во полуфиналето на Кралскиот Куп, кој наредниот петок и сабота ќе се одржи во Логроњо. Тоа е епилогот на денешната ждрепка, која ги соедини овие две екипи во првото полуфиналето, наредниот петок од 19 часот.
Лазаров за „Утрински„: „Сигурно ќе дадеме повеќе од 20 гола
![]()
Мислите на нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров се насочени кон саботниот меч со Барселона, кој може на Атлетико (своевремено Сиудад Реал) да му го донесе четвртиот FINAL FOUR, а на нашиот ракометар петтотто полуфинале на Лигата на шампионите. За „Утрински весник„ Лазаров најавува како нестрпливо го чека мечот и покрај повредите:
Само една екипа секогаш е на FINAL FOUR
![]()
Со воведувањето на FINAL FOUR во завршницата на Лигата на шампионите, ракометот доби на атрактивност и спектакуларност. Наместо поранешните два меча на теренот на финалистите, завршниот турнир во Келн секоја година ги собира најдобрите. А знаете ли дека досега само една екипа учествувала на сите три изданија на FINAL FOUR.
Барса шампион, Атлетико во Лигата на шампионите
![]()
На три кола до крајот на ASOBAL лигата познат е епилогот за сезоната 2012/13. Трета година по ред Барселона е првак на Шпанија, овој пат математички на три кола до крајот.
Рутинска победа за второ место и добра клима за в сабота
![]()
Aтлетико Мадрид - Арагон 35:32 (19:13)
Меѓу двата натпревари со Барселона, мораше да се игра и редовно коло од ASOBAL лигата, па Атлетико Мадрид без неколку стандардни ракометари, меѓу нив и без Кирил Лазаров, мораше да ја одработи работата.




