Швајцарците со Португалија во Сент Гален, со нас во Цирих
![]()
Швајцарската ракометна федерација ги одреди градовите домаќини на преостанатите домашни мечеви во квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Така на 4 април во 19:30 часот во Сент Гален ќе ја угостат Португалија.
Михајловски го понуди Мукаетов за претседател
![]()
На редовната седница на управниот одбор на РФМ беше дискутирано на неколку теми, а една од најважните сигурно е името на новиот претседател, по најавата на Михајловски дека заминува од претседателското место. Михајло Михајловски во своето обраќање го издвои првиот човек на „Алкалоид„ Живко Мукаетов како негов кандидат за прв човек на нашиот најпопуларен спорт.
Атлетико се разбуди, Лазаров стандардно добар
![]()
Атлетико Мадрид - Гвадалахара 35:23 (18:14)
Ракометарите на Атлетико Мадрид ја забележаа првата официјална победа во новата година, со уште една одлична партија на нашиот репрезентативец Кирил Лазаров. Имено во „Висталегре„ во Мадрид гостуваше Гвадалахара, која само едно полувреме имаше сили за достоен отпор.
Шпанија - Македонија во Гвадалахара
![]()
Нашиот прв официјален предизвик по завршувањето на светското првенство е токму најсилната ракометна репрезентација, светскиот првак Шпанија. Познат е терминот на првата средба, која во Скопје на 3 април од 20:30 часот ќе биде деби на нашиот нов селектор против Валеро Ривера на спротивната страна.
Само Лазаров премалку за победа во Логроњо
![]()
Натурхаус Ла Роха - Атлетико Мадрид 31:30 (16:17)
Првото пролетно коло, европскиот вицешампион Атлетико Мадрид го дочека со два светски прваци, еден сребрен и еден бронзен ракометар од последниот мундијал. Сепак без повредениот Гојун, мораше втората половина од сезоната да ја почне на незгодното гостување во Логроњо. Николај Маркусен и Кирил Лазаров со два брзи гола го отворија резултатот (0:2).
Лазаров, Јуркиевич и Ферер меѓу најмладите
![]()
Во пресрет на вториот дел од шпанската ASOBAL лига, управата на Атлетико Мадрид, кој е актуелен светски првак во клубски ракомет се определи за популарен чекор за ширење на вистинските вредности во спортот.
Гојун паузира 2-3 недели
![]()
Столбот на одбраната на Атлетико Мадрид и хрватската репрезентација и еден од најдобрите дефанзвивци и блокери на денешницата, Јаков Гојун ќе мора да паузира 2-3 недели. Тој по мундијалската бронза не се врати во Мадрид да им се приклучи на соиграчите, туку одпатува во Сплит на дополнителни прегледи.
Лазаров во стројот, утре се приклучуваат освојувачите на медали
![]()
По завршувањето на Светското првенство во Шпанија, сите интернационалци веќе се приклучија кон своите клубски стожери, бидејќи веќе наредниот викенд продолжуваат националните првенства, а наскоро следи и завршницата на групната фаза на Лигата на шампионите.
ВИДЕО: Лазаров, Мојсоски и ракометната репрезентација - најдоброто за 2012 година
![]()
Машкиот ракомет беше доминантен спорт во изборот на Сојузот на спортски федерации и Агенцијата за млади и спорт за најдобрите во 2012 година.
Проектот „Мундијалот на дланка со Пелистерка„ повеќе од успешен
![]()
Иако ретко претходно некој медиум од овој тип реализирал ваков проект, сепак близу 20 мундијалски дена со целосен сервис од местото на настанот брзо поминаа за официјалната веб страна на Кирил Лазаров. Преку 160 текстови, поголемиот дел од нив надополнети со видео и фото материјали од настапите на Македонската репрезентација и останатите селекции од мундијалот, ви го доближија овој голем настан.




