Официјалната веб страна на Лазаров, кандидат за најдобра за 2012 на Балканот
![]()
Оваа година специјализираната веб страна за ракомет „Balkan-handball„ по петти пат ги избира најдобро дизајнираните веб страни од темата ракомет на овие простори. За разлика од минатата година пријавени се нови 11 веб страни кои се номинираат за најдобри во 2012 година по ажурираност, квалитет на дизајн, бројност на информации и други критериуми.
Лазаров како „нов„ Атлетико блесна по одморот
![]()
Атлетико Мадрид - Хуеска 36:31 (14:14)
По двонеделна пауза заради репрезентативниот термин на ЕХФ, се вратија натпреварите за бодови во ASOBAL лигата. Против Хуеска во Висталегре, Атлетико Мадрид без повредените Гојун, Шабановиќ и Бараше против себе имаше жилав противник.
Final Four на шпанскиот Куп во Логроњо, наместо во Виго
![]()
Завршниот турнир на 38 издание на Купот на шпанскиот крал во ракомет иако беше предвидено да се игра во Галиција, според шпанската ASOBAL федерација ќе се одржи во Логроњо.
Гојун не игра со Хуеска, Лазаров неизвесен
![]()
Атлетико Мадрид со официјално соопштение на својата веб страна информираше како еволуираат повредите на Кирил Лазаров и Јаков Гојун. Двајцата балкански ракометари се вратија со повреди од своите настапи за националните репрезентации.
Лазаров кандидат за идеалниот тим на Лигата на шампионите
![]()
Во пресрет на четвртфиналните мечеви од Лигата на шампионите EHF ги одреди номинациите за идеалниот тим на најсилното клубско натпреварување во Европа. Така на секоја позиција има по четири номинирани ракометари, а единствен македонец меѓу нив е Кирил Лазаров на позицијата десен бек.
Лазаров за „Дневник„ најавува како ќе се движи неговата кариера
![]()
Во интервјуто за „Дневник„ капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров открива дека наредниот месец ќе ја знае и ќе ја обелодени својата иднина. Според разговорот тој има три опции каде да ја продолжи својата професионална кариера по завршувањето на сезоната.
Португалија со пресврт до второто место во групата
![]()
Квалификации за ЕП - Данска 2014
Португалија - Швајцарија 27:25 (14:14)
По мечевите од четвртото коло од квалификационата група А за пласман на европското првенство, познат е првиот патник од нашата група. Според очекувањата Шпанија на 120 минути пред крајот на групата може да го планира наредниот голем собир. Македонија не зависи сама од себе, а Швајцарија нема ни теоретски шанси, се останатите епилози по двата денешни натпревари.
Втор блесок во пет дена на „црвената фурија„
![]()
Квалификации за ЕП - Данска 2014
Шпанија - Македонија 29:17 (12:8)
Вториот чин на двомечот на нашата селекција со светскиот првак Шпанија во Гвадалахара беше невозможна мисија за избраниците на Ивица Обрван. Без Ристовски, Марковски и Миркуловски не очекуваше меч во кој треба да го поправиме впечатокот. Кирил Лазаров и покрај болките во препоните и можната операција од хернија, влезе во официјалниот записник, но не одигра ниту минута.
Репрезентативците пристигнаа во Шпанија
![]()
Со лет Скопје-Истанбул-Мадрид македонската ракометна репрезентација пристигна во Шпанија, конкретно во Гвадалахара, каде в недела ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за ЕП во Данска. Против светскиот првак кој во средата демонстрираше сила, селекторот Обрван поведе нешто поинаков ростер на ракометари. Во Скопје остана Борко Ристовски, а на негово место повикан е Николче Митревски.
ВИДЕО: Штербик: „Кире за Македонија е како Олафур за Исланд„
![]()
Ако некој од ракометарите на шпанската репрезентација остави силен впечаток на гостувањето во Скопје, тоа сигурно е фантастичниот голман Арпад Штербик. Ако натпреварот немаше посебна приказна, тогаш бившиот соиграч на Лазаров се осврна на односот со нашиот капитен и заминувањето од Атлетико Мадрид.




