hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Повикан Чема Родригез место повредениот Сармиенто

chema rodriguez

Нови невољи за селекторот на актуелниот светски првак пред двата квалификациски меча со Македонија. Имено Шпанија во Скопје в понеделник ќе допатува и без организаторот на играта на Барселона, Даниел Сармиенто. Тој заработи мускулна повреда за време на тренингот на репрезентацијата во близина на Барселона и нема да патува за Скопје. На негово место е повикан ракометарот на Веспрем и бившиот соиграч на Лазаров во Атлетико Мадрид, Чема Родригез. Иако тој имаше намера да одмора во родниот Ваљадолид сепак ќе се врати во националниот тим по скоро едногодишна пауза.

Share