hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Карлос Перез го покани Лазаров на својот проштален меч

kire 1805

Една голема генерација на ракометари кои долго траат одлучи да се збогува од омилената игра. Така по Дејан Периќ и легендарниот кубанец Карлос Перез, кој од 2002 година настапува за унгарската репрезентација ја завршува својата кариера. На 9 јуни во „Фотекс арената„ Перез ќе го одигра својот проштален натпревар по кој во 42 година заминува во заслужена пензија.

Повеќе...

Лазаров на прошталниот меч на Дејан Периќ

kire 17 05

Во 42 година oд животот легендарниот голман Дејан Периќ ја завршува својата кариера и тоа ќе го направи со стил. Имено од пред некој ден официјализирано е дека на 31 мај во Цеље во арената „Златорог„ ќе се одигра проштален меч во кој ќе настапат ракометари кои го пратеа Периќ во неговата богата и успешна кариера. Во тој мајски петок од 18:00 часот ќе се сретнат два идеални тима на Периќ кои ќе ги водат Богослав Периќ и Мирко Башиќ.

Повеќе...

„Висталегре„ ги слави двете титули

kire peehari 2013

В недела од 19:00 часот во рамките на предпоследното 29 коло од шпанската ASOBAL лига, Атлетико Мадрид на домашен терен игра со Адемар Леон. Мечот нема голем резултатски значај, но претставува прва можност мадридската публика да го поздрави освојувачот на Купот на Кралот. Еден час пред мечот ќе бидат изложени двата трофеи, кои оваа сезона ги освои Атлетико Мадрид (IHF Супер глоб и Купот на шпанскиот крал) и сите навивачи ќе можат да се фотографираат со нив.

Повеќе...

ФОТО+ВИДЕО: Лазаров и другарите поздравени на „Висенте Калдерон„

calderon 1

Фудбалско ракометната сезона барем до овој момент во Шпанија е во знакот на Барселона и Атлетико Мадрид. Вечерва пред почетокот на мечот од 35 коло на шпанската „Ла Лига„ во фудбал со шпалир од домашната екипа беа поздравени новите фудбалски шампиони на Шпанија, фудбалерите на Барселона на Тито Виљанова.

Повеќе...

Барса убедлива, Лазаров повторно најпозитивен

kire 11 05 2013

Барселона - Атлетико Мадрид 35:26 (17:11)

Седмиот и последен меѓусебен дуел на Барселона и Атлетико Мадрид дојде точно една недела во победата на Лазаров и другарите во Логроњо во финалето на Купот на Кралот. Така каталонците бркаа рекорд на победи поставен од Сиудад Реал, а екипата од главниот град сакаше во стил да ја заврши сезоната.

Повеќе...

ФОТО: Шампионите на прием кај властите во Мадрид

kire 10 05 2013 2

Освоениот Куп на Кралот минатата сабота во Логроњо е голема чест за клубот, ракометарите и целото семејство Атлетико Мадрид. Во последните неколку години зачестија приемите на фудбалерите и ракометарите на Атлетико Мадрид кај градоначалникот на Мадрид Ана Ботелја.

Повеќе...

33 години за 33 трофеи

kire-33

Пред неполна една недела Кирил Лазаров го освои Купот на шпанскиот Крал со Атлетико Мадрид на Final four турнирот во Логроњо. Тоа беше рекорден 33 трофеј во богатата кариера на македонскиот ракометар. Денес на 10 мај, Лазаров го прославува својот 33 роденден, во кругот на семејството и со посебно внимание на утрешниот натпревар од ASOBAL лигата со Барселона во „Палау Блауграна„

Повеќе...

Лазаров по три сезони заминува од Атлетико

kirre 09 05 2013 1

Се ближи крајот на ракометната сезона 2012/13 во ASOBAL лигата. Само уште три натпревари за професионалците на Атлетико Мадрид, потоа два репрезентативни настапи и време е за одмор по напорната сезона. По серијата на шпекулации во последно време, разрешена е дилемата околу иднината на македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров.По три успешни сезони, Лазаров ќе го напушти Атлетико и ќе мине во друг клуб. Намалувањето на буџетот ќе принуди неколку ракометари да го напуштат овој култен шпански клуб, но Атлетико и понатаму ќе остане конкурентен

Повеќе...

Каденас наследник на Валерио Ривера

manolo cadenas

Една од селекциите која веќе се квалифукува на Европското првенство во Данска беше принудена да го менува селекторот. Светскиот првак Шпанија мораше да побара наследник на Валерио Ривера, кој отиде на кормилото на катарската репрезентација. Шпанија го именува Маноло Каденас како селектор на шпанските ракометари во наредниот циклус за европското и светското првенство.

Повеќе...

Петар Ангелов успешно опериран

petar angelvo divi

Репрезентативниот голман и член на Металург Петар Ангелов обелодени дека подолго ќе одсуствува од терените, заради операцијата која беше извршена во Загреб, а беше неопходна по неговата повреда. Хируршкиот зафат е изведен пред два дена во Хрватска, а Ангелов веќе се врати во Скопје.

Повеќе...