hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Душебаев: „Зад нас е нормална сезона„

kire talant

Според Кирил Лазаров каризматичниот Талант Душебаев е фантастичен тренер, внимава на сите детали, со него ракометарот станува подобар и подобар. Анализата на сезоната Душебаев ја започна во свој стил:

Повеќе...

ВИДЕО: Сите емоции на ASOBAL сезоната на Атлетико

kire 77

24 победи, 1 нерешен резултат и 5 порази е билансот на вицешампионот на Шпанија, Атлетико Мадрид. Полош резултат од првакот Барселона, но и од сезоната 2011/12, во која за еден гол во меѓусебниот скор со каталонците им побегна титулата.

Повеќе...

Импресивни бројки во сезоната на Лазаров

kire vest 25 05

Со мали исклучоци Кирил Лазаров ги одигра сите официјални натпревари за Атлетико Мадрид во сезоната 2012/13. Играше во сите шест натпреварувања, освои два трофеи, играше уште две финалиња и беше прв клубски стрелец на Атлетико Мадрид во ASOBAL лигата и Лигата на шампионите.

Повеќе...

Безболен пораз на Атлетико во Ваљадолид

kire 25 05

Ваљадолид - Атлетико Мадрид 30:25 (15:14)

Во последниот триесетти натпревар во сезоната во ASOBAL лигата, Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров гостуваше во Ваљадолид во меч за престиж за гостите и за потврда на опстанокот за домаќините.

Повеќе...

ФОТО: Атлетико му се заблагодари на Лазаров за трите сезони

ademarleon39

Близу 5.000 гледачи во неделата во арената „Висталегре„ во Мадрид присуствуваа на последниот меч на домашен терен во сезоната 2012/13. Тоа беше можност еден голем клуб како Атлетико Мадрид да му оддаде признание на ракометарите, кои го одиграа последниот меч во Мадрид. Уште пред неколку недели Кирил Лазаров откри дека ќе го напушти овој клуб по три сезони и тоа значеше дека со Адемар Леон за последен пат играше пред мадридската публика.

Повеќе...

ФОТО: Дана Филиповска го бодреше Лазаров во Мадрид

kire madrid 1

Бившата ракометна репрезентативка на Македонија Дана Филиповска, која овој викенд го мина во Мадрид не ја пропушти можноста да го следи мечот на Атлетико Мадрид со Адемар и со македонското знаме да навива за Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид. Заедно со семејството Лазарови и Бабунски тие ја сочинуваа малата и одбрана група на „фанови„ на Лазаров во Мадрид.

Повеќе...

Победа, поздрав и испраќаме за Лазаров од „Висталегре„

kire matpreva 19

Aтлетико Мадрид - Адемар Леон 32:26 (17:14)

zoki madrid mala
Од „Висталегре„ - Мадрид, Шпанија
Зоран Мишевски

Неколку илјади „фанови„ на Атлетико Мадрид дојдоа во „Висталегре„ да ја поздрават екипата, која го освои националниот Куп во меч со Адемар Леон во кој во игра беа бодови за престиж. Домашната екипа без повредените голмани Дал и Шабановиќ и без Бараше, а гостите без Руезга играат одличен офанзивен ракометен меч, во кој играта во одбрана не беше посилна страна на двете екипи.

Повеќе...

ФОТО: Навивачите се фотографираат со трофеите

kire pehar 19 2

Во организацијата на клубот на еден час пред почетокот на мечот од 29 коло на ASOBAL лигата меѓу Атлетико Мадрид и Адемар Леон беа изложени трофеите кои оваа сезона ги освои клубот од главниот град.

Повеќе...

ФОТО: Лазаров на денот на децата на Мадрид

kire 19 05 1

Викендот во знакот на прославата на фудбалскиот Куп на Кралот на Атлетико Мадрид, се комплетира со последниот домашен натпревар на ракометарите на Атлетико Мадрид. Тие го дочекуваат Адемар Леон во „Висталегре„ а како предигра на средбата, дел од ракометарите учествуваа на иницијативата за денот на децата на Мадрид, кој се одржа цело претпладне низ улиците на Мадрид.

Повеќе...

Лазаров на ручек во Радио Марка

kirem2

Во пресрет на последниот домашен натпревар во сезоната, македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров беше гостин во мадридското Радио Марка. Тој повеќе од еден час разговараше на актуелни теми со шпанскиот новинар Хорхе Дармиел, а потоа имаа и заеднички ручек.

Повеќе...