ФОТО: Во „Саалспортхале„ позитивни црвено-жолти вибрации
![]()
На повеќе од еден час од почетокот на клучниот натпревар за пласман на европското првенство во Данска, македонските ракометари го имаа првиот контакт со „Саалспортхале„ по двата тренинзи кои ги одработија синоќа и утринава. Ведрина, насмевки и позитивна атмосфера кај избраниците на Ивица Обрван и наговестување на многу црвено-жолта боја на трибините, што дополнително треба да направи да се чувствуваме како дома.
ФОТО: Репрезентативците пристигнаа во Цирих
![]()
Со лет преку Загреб, македонската ракометна репрезентација денес околу пладне пристигна во Цирих, каде утре во 20:00 часот ќе се соочи со Швајцарија во петтиот меч од квалификациите за европското првенство во Данска.
Македонија воодушевена од трансферот на Лазаров
![]()
Минаа три-четири дена од официјализацијата на трансферот на Лазаров од Атлетико Мадрид во Барселона. Од петочните утрински часови кога најнапред каталонскиот гигант на својата официјална веб страна и преку социјалните мрежи, па официјалната страна на Лазаров обеледони двегодишна соработка, започна еуфоријата.
ВИДЕО: „Фалангата„ многубројна и во Цирих
![]()
На денешната последна прес-конференција пред утрешниот лет на експедицијата за Швајцарија преку Загреб, потврдена беше информацијата дека македонските навивачи ќе бидат многубројни и во Цирих. Околу 700 членови на „фалангата„ го потврдија доаѓањето, а постои шанса да бидат и помногубројни.
ВИДЕО: Лазаров: „Менталната подготовка е најважна„
![]()
Капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров со ведрина гледа на последнуте два натпревари од квалификации за европското првенство во Данска. И тој и соиграчите и стручниот штаб се свесни дека многу работи се во рацете на нашата искусна репрезентација:
„СЕДУМ“ - првиот автобиографски чекор на Лазаров
![]()
Во меѓупростор од двата квалификациски натпревари на ракометната репрезентација Кирил Лазаров ќе ја презентира својата прва автобиографска книга напишана и продуцирана во Шпанија, во периодот од последните две години. Книгата го носи насловот „Седум" и има новелистички пристап.
ВИДЕО: Каденас: „Не како во финалето, ама приближно моќни ќе бидеме и во Гимареш„
![]()
Додека Ивица Обрван и неговиот стручен штаб напорно работи во Скопје и ја коваат стратегијата за мечот во Цирих со Швајцарија, истиот процес го минува една од трите селекции кои веќе ја имаат квалификацијата за пласман на наредното европско првенство.
Репрезентацијата приоритет пред мечот во чест за Перез
![]()
Само десетина дена по прошталниот меч на Дејан Периќ, уште еден голем ракометар му кажува збогум на омилената игра. Унгарскиот репрезентативец, а роден кубанец, Карлос Перез во 42 година од животот се одлучи да замине во пензија, а в недела во „Веспрем арената„ ќе ја собере ракометната елита, меѓу нив покана стигна и до нашиот Кирил Лазаров.
ВИДЕО: Канељас: „Ние на секој натпревар играме на победа„
![]()
Светскиот првак Шпанија веќе ја има в џеб квалификацијата за Данска и наредниот европски шампионат. Сепак еден од бившите соиграчи на нашиот Кирил Лазаров, робусниот Јоан Канељас нема дилеми дека и против Португалија, светскиот првак ќе биде оној правиот:
Лазаров + Рутенка + Карабатиќ = 107 трофеи
![]()
Одамна во една иста екипа не играле така квалитетни, каризматични ракометари, но и спортски меѓународни звезди во своите земји и ширум целиот свет. Не само што го заслужуваат таквиот статус, туку ракометарите на Барселона кои ќе партиципираат во ростерот наредната сезона заедно имаат преку 300 освоени трофеи во кариерата.




