hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Атлетико му посака среќа на Лазаров

kire 05 06 2013

Дека се работи за голем клуб знаевме уште одамна. Но Атлетико Мадрид мисли на секој детал и максимално се грижи за своите ракометари. Така на официјалната страна на клубот, денес е пренесена веста дека и покрај тоа што имаше договор со клубот до јуни 2014 година, Лазаров и Атлетико Мадрид спогодбено го раскинаа.

Понатаму во ставот на светскиот првак се вели дека Атлетико му е благодарен на македонецот за максималниот ангажман, предаденост и професионалност во овие три сезони и му посака среќа во понатамошната кариера. Лазаров три сезони мина во овој, клуб кој имаше трансформација од Реновалиа Сиудад Реал во Атлетико Мадрид. Тој со семејството две години живееше во Сиудад, а една во Мадрид, а една сезона настапи под името Реновалиа Сиудад Реал во „Кихоте арената„ и уште две во големата Висталегре во Мадрид. Се очекува во текот на овој месец да биде позната иднината на клубски план на нашиот најдобар ракометар.

Share