hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

245 пати БРАВО за Стевче Алушовски

aljus slava

Мечот со Португалија беше последен во професионалната кариера на битолчанецот Стевче Алушовски. Единствениот наш репрезентативец кој одигра преку 200 натпревари и го носи националниот дрес од осамостојувањето, токму со репрезентацијата ја завршува кариерата. Долги години Алушовски беше синоним за спортист кој комплетно е посветен на ракометот, живее спортски, се надградува и затоа долго трае.

Повеќе...

Обрван прв странец во одбраното друштво

Ivica Obrvan

Хрватскиот тренер Ивица Обрван е петти различен тренер со кого Македонија ќе оди на големо натпреварување. Тој е единствен странец на кого тоа му успеало, а претходно Македонија ја воделе и Зоран Живковиќ, Драган Џукиќ и Веселин Вујовиќ.

Повеќе...

Македонија го „визира третиот евро-билет„

AKCIJA3 GOLEMA

Квалификации за ЕП - Данска 2014 година

Македонија - Португалија 26:19 (14:10)

Во заглушувачки амбиент и полна сала, португалците веднаш знаеа што ги очекува. Мечот да се биде или не за нашите репрезентативци, црвено-жолтите го почнаа со гол гостите преку крилото Силва Осорио. Реакцијата на момците на Ивица Обрван беше изнуден седмерец од Наумче Мојсоски и гол од седмерец на капитенот Лазаров.

Повеќе...

Пред и по мечот со Португалија, нова можност за „Седум„

KIRE POTPIS

Денешната средба со читателите во книжарницата „Три„ во ГТЦ во Скопје, беше вистинска поплава од љубители на книгата, спортот и Кирил Лазаров да го добијат неговото ново дело и тоа со посвета лично од нашиот најдобар ракометар. Затоа таквите иницијативи ќе продолжат и книгата „Седум„ ќе можете да ја набавите пред и по натпреварот Македонија - Португалија в недела

Повеќе...

Обрван: „Португалија игра поразлично од Швајцарија„

ivica obrvan

По својата прва победа како селектор на Македонија, Ивица Обрван ја смири еуфоријата и опомена дека в недела е нов натпревар и нема да биде лесно да се совлада Португалија, која веќе најавува дека во Скопје не доаѓа со бело знаме.

Повеќе...

ВИДЕО: Алушовски в недела ја завршува кариерата

alusot-500

На официјалната прес-конференција во пресрет на клучниот натпревар со Португалија за пласман на европското првенство во Данска, највозрасниот активен репрезентативец Стевче Алушовски објави дека со неделниот меч ќе ја заврши богатата кариера.

Повеќе...

В сабота напладне Лазаров на нова средба со читателите

kire promocija

Промоцијата на книгата беше само првиот чекор на претставувањето на неговата книга „Седум„ В сабота во 12:00 часот во книжарницата „Три„ во ГТЦ во Скопје, Лазаров ќе има нова средба со своите читетели и сите кои сакаат да ја купат неговата книга, но и да добијат посвета од авторот треба да го посетат овај настан.

Повеќе...

ФОТО: Семејството гордо на Кире и неговите дела

kire i mama 14 06 2013

Книгата насловена „Седум„ Кирил Лазаров им ја посвети на своите родители кои секогаш и насекаде ги споменува како огромен фактор во неговата изградба како личност и врвен спортист. Неговата сопруга Љубица и децата Благојче и Лана утре пристигнуваат во Скопје и сигурно ќе се израдуваат на делото на нивниот Кире, во кое тој сите нив ги спомнува.

Повеќе...

ФОТО: Ракометната елита присутна на промоцијата

kniga prv red

Промоцијата на автобиографијата на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со своето присуство ја збогатија повеќето од селекторите откога тој игра за репрезентацијата:

Повеќе...

ВИДЕО: Промовираната книгата „Седум„ на Кирил Лазаров

kire 14 06 2013 kniga

Најдобриот македонски ракометар официјално ја претстави својата прва автобиографска книга насловена „Седум„ во присуство на голем број гости „Среќен сум, исполнет и задоволен од реализацијата на овој проект. Насловот на делото, бројот на страници (77) и други факти се во знакот на бројот седум.

Повеќе...