hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса лесно преку Ла Рока во каталонското финале

la roca - barca1

Ла Рока - Барселона 27:45 (9:23)

Ракометарите на Барселона се квалификуваа за финалето на Суперкупот на Каталонија и утре од 17 часот во Љобрегат против Грањолерс ќе играат за титулата, која минатата година не се додели, бидејќи каталонската федерација не пронајде термин тоа финале да се одигра. Во натпревар кој практично беше само тренинг за Лазаров и другарите, само од минута во минута се зголемуваше предност до финалните 18 разлика за момците на Хавиер Пасквал.

Од почетните 3:12 по 14 минути игра, преку 10 одбрани во половина полувреме на Гонзало, до +14 на полувреме за шпанскиот шампион, приказната беше јасна. Во вториот дел Ла Рока почна одлично и во првите 10-12 минути имаше подобри периоди од гостите. Но дега Данијел Шариќ се разбирани и со 11 интервенции до крајот, на Барса му понуди лесен финиш и триумф во кој никој не се сомневаше. Новајлијата Жалуз постигна 4 гола во последните 15 минути од средбата. Нашиот Кирил Лазаров како и секогаш константен, постигна 6 гола и делуваше воиграно во системот на Барса. Мечот се одигра на теренот на второлигашот Ла Рока во убав амбиент и пред полна сала.

Барселона:
Гонзало, Шариќ, Нодесбо, Томас, Ентрериос, Рутенка, Сорондо, Сармиенто, Арињо, Гурбиндо, Сигурдсон, Виран Морос, Карабатиќ, Саубич, Жалуз, Лазаров

Share