Македонија убедливо прва на листата на асистенти по две кола
![]()
Во пресрет на третото коло кое започнува денес, севкупната статистика вели дека Македонија има најголем број на екипни асистенции и убедливо води во овој податок. Со 44 точни додавања за гол, момците на Обрван издвоија свој стил на игра, во кој има многу комбинаторика и имагинација.
Македонија секогаш победува на Водици
![]()
Традицијата вели дека секогаш кога нашите ракометари играат на големиот христијански празник Богојавление Водици, тие победуваат. На овој ден во 2012 година на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта.
Марковиќ: „Лазаров е најдобар, а Македонија мој таен фаворит„
![]()
Серија на комплименти и критики собира босанскиот селектор Драган Марковиќ по првите два натпревари на ова светско првенство. Многубројните босански навивачи во Катар веруваат дека нивната репрезентација ќе се издигне против Македонија, со што би верувала во осминафинале. Сепак селекторот Марковиќ најавува дека Босна попладнево ќе игра со еден од фаворитите од „сенка„ на овој мундијал:
Литвански судии ќе го водат мечот Македонија - Босна
![]()
Утринава беа објавени делегирањата за мечевите од првата половина на третото коло, кое се игра денес. Литванските судии Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика ќе ја делат правдата на мечот Македонија - Босна во 17 часот по средно европско време во „Али бин Хамед Ал Атијах арената„ во областа Ал Саад во центарот на Доха.
ВИДЕО: Карачиќ: „Ако имаме помалку „црни дупку„ не сме без шанси„
![]()
Иако разочарани по поразот од Австрија посебно по лошото второ полувреме, ракометарите на Босна и Херцеговина не престануваат да веруваат во победа над Македонија и пласман во осминафиналето на светското првенство. Сите ја респектираат нашата селекција, но не исклучуваат изненадување:
ВИДЕО: Сарачевиќ: „Хрватска има повеќе звезди, Македонија има колектив„
![]()
Еден од најдобрите леваци на овие простори на сите времиња, бившиот југословенски и хрватски репрезентативец Златан Сарачевиќ го анализираше почетокот на првенството во Катар и се осврна во перспектива и на натпреварот Македонија - Хрватска кој следи во 4 коло од Б групата во „Духаилн арената„:
Само Гајиќ постигнал повеќе голови од Лазаров по две кола
![]()
По комплетирањето на второто коло, односно по 120 минути за секоја од 24 репрезентации на светското првенство, само еден ракометар има повеќе голови од македонскиот капитен Кирил Лазаров. Благодарение на 15 гола против Белорусија, Драган Гајиќ од Словенија е водечки со 24 гола. Тоа е за 5 гола повеќе од Лазаров и Чупиќ кои го делат второто место.
ВИДЕО: Јоноски: „Треба да ги лимитираме вредностите на Босна„
![]()
Самокритичен кон одбранбената формација и кон себеси, Ацо Јоноски потврди дека самиот број на примени голови против Иран кажува дека морало да се игра подобро. Но полесно е кога се анализира ваков натпревар после победа, одколку после пораз:
ВИДЕО: З. Мојсоски: „Потсвесно се опуштивме со Иран, но важни се бодовите„
![]()
Добро се ротираат нашите крилни ракометари и сите имаат добра реализација, а некои и одлична игра во одбрана. Златко Мојсоски на двата натпревари знаеше да донесе свежа крв во нашите редови и контранападите со неговата реализација не доближуваа до победите:
Каков биланс има нашата репрезентација против босанската?
![]()
Иако во пријатно сеќавање ни се последните мечеви во квалификациите за европскиот шампионат во Србија 2012 година, кога ремизиравме во гости и победивме на домашен терен во Скопје, сепак немаме кој знае колку позитивен биланс кога играме меѓусебни дуели против Босна и Херцеговина. Еве потсетување на сите дуели меѓу Македонија и БиХ од 2002 до денес.




