hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Осминафиналето ќе го играме в недела, само не се знае каде и во кој термин

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- B1 0872 xlarge

По вчерашниот расплет во А и Б групите извесно е дека Македонија не може да биде ниту прва, ниту четврта во својата Б група и се знае дека в недела на 25 јануари ќе го игра мечот од осминафиналето. Извесно е дека наш противник ќе биде или Катар или Словенија, а неизвесно е кога и каде ќе се игра тој прв меч од нокаут-фазата.

Повеќе...

ВИДЕО: „Фалангата„ е горда и ужива во Доха

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- B1 0877 xlarge

Повеќе од 200 македонски навивачи, голем дел од нив од нашата земја, некои од Швајцарија, а некои од ОАЕ и Катар се собраа на едно место во националните бои и се пример како треба да се навива. Наспроти хрватските провокации „Фалангата„ остана достоинствена, колоритна и што е најважно гласна.

Повеќе...

Мечевите со Австрија секогаш ни носеле радост

CC9A982D0480714DA361D60F1C1100EB

Утре Македонија и Австрија по четврт пат ќе се сретнат во нивната ракометна историја. Во два од трите меѓусебни натпревар, славеше нашиот национален тим, а единствениот пораз во Виена во јуни 2012 година е безболен, бидејќи претходно со поголема разлика, Лазаров и другарите славеа во Скопје. Па традицијата нека продолжи и по утрешниот дуел во Доха.

Повеќе...

Јоноски го пропушти попладневниот тренинг

111

Фото - Спортмедиа

Болните гримаси на лицето на нашиот дефанзивен лидер, Ацо Јоноски се забележаа уште во првото полувреме на вчерашниот меч со Хрватска. Веројатно да не беше мундијалски меч, стружанецот превентивно ќе беше поштеден, но тој херојски го издржа до крај мечот со „коцкестите„ Утрово стигна веста дека неговиот скочен зглоб е потечен и попладнево од 15 часот, Јоноски не тренираше.

Повеќе...

ФОТО: Хрватските медиуми ликуваат ден по победата

pecat 1

Контрадикторни наслови, изјави кои се на еден или друг начин пренесени, но почеток на вообичаената еуфорија за време на големите турнири ги зафаќа хрватите кои ликуваат по победата против Македонија. Некои пишуваат дека полесно од очекуваното е победена „четата„ на Обрван, согласувајќи се со Славко Голужа, други пак одобруваат дека „коцкестите„ полека ја подигаат формата.

Повеќе...

ВИДЕО: Мајер: „Секако дека сакаме да ви се реваншираме„

IRAN VS AUSTRIA 150121Qatar 2015 M39 IRI vs AUT-GEO29 xlarge

Колку што ние со оптимизам и насмевка гледаме на наредниот противник, Австрија, толку и момците на Јоханесон се мотивирани да ни се реваншираат за нашите последни големи победи во баражот во летото 2012 година и на последното европско првенство во Данска. Тоа може да се забележи и во зборовите на австрискиот ракометар Лукас Мајер:

Повеќе...

ФОТО: Реанимација и масажи за враќање на енергијата

reanimacija

Напорите од мечот со Хрватска, но пред се од серијата на натпревари во турнирски систем, силно ги трошат нашите ракометари, но сите знаат дека вистинските испити доаѓаат на крајот од оваа недела и треба да се „наполнат акумулаторите„ и да се освежат телата во пресрет на мечот со Австрија и осминафиналето.

Повеќе...

Јоноски со повреден зглоб, не „мириса„ на добро

jonoski-povreden-624x4681

Ако повредите не штедеа во првата недела од мундијалот, сега како да почнуваат проблемите. Настапот на Ацо Јоноски на мечот со Австрија е неизвесен, бидејќи му е отечен зглобот на десната нога и не може нормално да се движи, а камо ли да тренира. Стружанецот го повреди зглобот во почетните минути од натпреварот со Хрватска и видлива беше неговата болна гримаса на лицето.

Повеќе...

Гајиќ прв стрелец, Лазаров прв во голови + асистенции

makedonija-hrvatska-16-624x468

Кирил Лазаров падна на третото место на листата на стрелците, но и натаму е лидерот во категоријата голови и асистенциии, по кои се гледа комплетноста на ракометарите. Во неверојатен прогрес во текот на вчерашниот ден беа Гајиќ, Марковиќ и Чупиќ, кои се приклучија во групата за првото место и во двете категории:

Повеќе...

ВИДЕО: Карачиќ: „Македонија покажа зошто е хит на турнирот„

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- B2 8328A xlarge

Првиот голем турнир во дресот на хрватската репрезентација на Иван Карачиќ сигурно ќе му донесе е емоции за цел живот, со оглед на тоа што ќе игра против неговиот брат, а вечерва играше и против многу соиграчи од Вардар. За разлика од останатите, тој истакна дека Македонија била повеќе од достајна, жилава и опасна:

Повеќе...