Прибак: „Клучна беше хрватската серија на почетокот од вториот дел„
![]()
Првиот пораз на македонската ракометна репрезентација на мундијалот, како и секој пораз е болен, но треба да биде добра подготовка за мечот со Австрија во петок, кој веројатно е прва наш квалификационен натпревар. Иако нема испаѓање после евентуален пораз, не е неважно дали во Б групата ќе завршиме на второто или третото место. Потенцијални противници би ни биле Словенија или Катар, но нашите ракометари не размислуваат за комбинациите. Немања Прибак во првите минути од второто полувреме гледа причина за нашиот пораз и хрватската победа:
Обрван: „Честитки за Хрватска, нам ни треба само бод за второ место„
![]()
По втор пат во оваа Б група на мундијалот, два хрватски селектори беа еден наспроти друг. Откако го победи Хасанефендиќ, Славко Голужа и неговата Хрватска беа подобри и од Македонија на Ивица Обрван. На официјалната прес-конференција, македонскиот селектор им посака најмалку финале на своите сонародници, а за македонскиот национален тим истакна дека не се откажува во вербата за најмалку уште бод од мечот со Австрија, со кој би биле втори во Б групата на 24 светско ракометно првенство:
Миркуловски: „Црната-дупка против Хрватска е недозволива„
![]()
Пак многу емоции и игра на работ на секоја топка со голема селекција наспроти себе го красеше нашиот тим во текот на овие 60 минути. За прв пат на турнирот во второто полувреме бевме во дефицит и бркавме резултат, но и со оглед на противникот не можевме да се надминеме себе си. Филип Миркуловски пак ја издвои „црната дупка„ заради која не успеавме да се вратиме откако противникот побегна:
ВИДЕО: Вугринец: „Новите правила создаваат дополнителен хаос„
![]()
Разочарување за начинот на кој го загубивме мечот со Хрватска, но и на критериумот на чешките судии владееше во македонскиот табор по завршувањето на средбата. Ренато Вугринец кој играше малку на овој натпревар , истакна дека целиот начин на кој се применуваат новите правила на IHF создава дополнителен хаос:
ВИДЕО: Ристовски: „Поразот не е срамота, мора да се насочиме кон Австрија„
![]()
На официјалната прес-конференција говореше нашиот најдобар поединец на мечот со Хрватска, Борко Ристовски. Убаво беше надмудрувањето со неговиот колега Мирко Алиловиќ, во кое благодарение на второто полувреме славеа „коцкестите„ Сепак голманот на Кретеј верува дека Македонија ќе се врати и ќе биде онаа вистинската против Австрија:
Одлично прво полувреме, па хрватскиот „бран„ ја однесе победата
![]()
Б група
Македонија - Хрватска 26:29 (14:15)
Македонските навивачи го добија дуелот на трибините и ги имаше двојно повеќе од хрватските во „Духаул арената„ во Доха. Одлично го отворивме мечот, со зицерот кој Ристовски му го одбрани на Бичаниќ и првиот гол на средбата на Дејан Манасков. Хрватите реагираа со головите на Бичаниќ и Гојун, пред Георгиевски од контра да израмни на 2:2 во 6 минута. Капитенот Лазаров и Миркуловски со цепелин ја надмудрија одбраната на Голужа, а по заслуга на Борко Ристовски и Гоце Георгиевски за прв пат поведовме во 8 минута (4:3).
ФОТО: „Фалангата„ го доби мечот на трибините
![]()
Тројно повеќе македонски навивачи на трибините го дочекаат мечот со двократниот олимписки шампион, Хрватска. Црвено-жолта беше скоро цела една трибина, каде присутни сите македонски навивачи, кои овој пат за разлика од претходните мечеви беа групирани на едно место и зеднички навиваа.
Онеста: „Судиите се да судат, а не да измислуваат„
![]()
Мечот со Исланд ги донесе првиот проблеми за европскиот првак Франција, Ремито и скоро, па постојаното бркање на противничкото водство не му се допадна на селекторот Онеста. Уште повеќе го налути исклучувањето на Карабатиќ заради симулација. Новиот капитен на триколорите неславно го заврши првиот натпревар како капитен на Франција.
Вечерва дуел татко против син на мундијалот во Катар
![]()
Скоро невозможна ситуација не очекува вечерва кога на мечот помеѓу Катар и Шпанија за прв пат во историјата на светските првенства ќе видиме дуел на татко против син во две различни репрезентации. Селектор на Катар е Валеро Ривера Лопез, кој со Шпанија стана светски првак пред две години.
Клопчиќ место Кирвелиачиус во австрискиот состав
![]()
Нaшиот ривал во последното коло од Б групата на мундијалот во Катар, селекцијата на Австрија, реши да ја направи првата измена во составот, со вклучувањето на десното крило Маријан Клопчиќ, на местото на Ромањ Кирвелиачиус. Клопчиќ е член на австрискиот клуб Брегенц и има 23 години, па со само 17 настапи досега и 14 постигнати голови е меѓу помалку искусните во австрискиот табор.




