hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Обрван: „Честитки за Хрватска, нам ни треба само бод за второ место„

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- B1 0901A xlarge

По втор пат во оваа Б група на мундијалот, два хрватски селектори беа еден наспроти друг. Откако го победи Хасанефендиќ, Славко Голужа и неговата Хрватска беа подобри и од Македонија на Ивица Обрван. На официјалната прес-конференција, македонскиот селектор им посака најмалку финале на своите сонародници, а за македонскиот национален тим истакна дека не се откажува во вербата за најмалку уште бод од мечот со Австрија, со кој би биле втори во Б групата на 24 светско ракометно првенство:

„И покрај поразот ние сме уште истиот тим, кој претходно победуваше. Ние одиме на второто место во групата, ќе бараме бод од дуелот со Австрија, а на Хрватска ѝ посакувам да игра финале. Нас целта ни е да бидеме втори во групата. Се надевам на подобра игра на понатамошните натпревари" рече на прес-конференцијата селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван.

Share