
Скоро невозможна ситуација не очекува вечерва кога на мечот помеѓу Катар и Шпанија за прв пат во историјата на светските првенства ќе видиме дуел на татко против син во две различни репрезентации. Селектор на Катар е Валеро Ривера Лопез, кој со Шпанија стана светски првак пред две години.
На спротивната страна во шпанскиот табор на Маноло Каденас на крилната позиција ќе игра Валеро Ривера Фолх. „Тоа ќе биде најтешкиот меч во мојата кариера„ рече селекторот на Катар, во пресрет на вечерашниот натпревар. Откако во нашата група за два дена ќе се соочат браќата Карачиќ, еден спротив друг на мечот Хрватска - Б и Х, вечерва за прв пат дуел на татко против син на 24 мундијал во Катар.