Лазаров за ТЕА Модерна: „Посветен на целта„
![]()
Во интервјуто за најновиот број на „ТЕА МОДЕРНА„ Кирил Лазаров говори за семејството, за јануари во кој редовно ги пропушта родендените на своите деца, но ја радува нацијата и за посветеноста во професионалниот спорт, заради која доаѓа до остварување на целта: „Јануари е месец со посебно значење за семејствотоЛазаров, најмладите членови Благојче (9) и Лана (7) ги прославуваат своите родендени, додека за нивниот татко Кирил (34), почетокот на новата година традиционално е резервиран за репрезентативните обврски.
Данци ќе ни судат против Австрија
![]()
Мартин Гјединг и Мадс Хансен од Данска ќе ја делат правдата на мечот од последното петто коло од Б групата на мундијалот во Катар, меѓу Македонија и Австрија. Македонија со најмалку бод ќе биде втора во групата, а на Австрија и треба триумф да застане на тоа место.
Миркуловски: „Подобро да играме со Словенија, одколку со Катар„
![]()
Иако математички сеуште не се знае нашиот пласман и нашиот противник во осминафиналето, меѓу Катар и Словенија се сведуваат коментарите, изборот, ривалот. Нашиот најдобар асистент на првенството, Филип Миркуловски нема дилеми дека подобро е да се игра со Словенија која ја победивме во мечот за петтото место во Белград во 2012 година. Сепак фокусот мора да остане на Австрија, која е нашата денешната преокупација:
Братски дуел на мечот Хрватска - Б и Х
![]()
Откако пред два дена бевме сведоци на меч во кој еден спроти друг беа татко и син на мечот Катар - Шпанија, денес на мечот Хрватска - Б и Х се очекува братски дуел на теренот. Игор против Иран Карачиќ веќе се сретнаа во клубскиот ракомет на мечевите на Вардар и Мешков Брест, а сега за прв пат ќе се соочат кога се во прашање националните репрезентации.
ВИДЕО: Тунискиот радио коментатор во елемент
![]()
Во Тунис владее голема еуфорија околу светското првенство во ракомет. Тоа може да се забележи во салите, низ градот, многу често и во разговорите со туниските новинари. Коментаторот на туниското национално радио е личен доказ за еуфоријата. Начинот на кој ги води натпреварите на момците на Хасанефендиќ е вистинска атракција.
Обрван: „Барам малку повеќе внимание во одбраната„
![]()
Мечот со Австрија како да е вовед во елиминационите натпревари. Ова е еден од оние дуели кои ракометарите мора да го сватат како да се биде или не. Наша мала предност е тоа што ни одговара и нерешен резултат да ја оствариме целта, која се вика второ место во нашата група. Селекторот би корегирал само малку повеќе внимание во одбраната, за разлика од претходните мечеви:
Лазаров: „Посакуваме убедлива победа, за да не респектираат повеќе„
![]()
Австрија е на дневниот ред кај македонските ракометари уште од раните утрински часови за време на вчерашниот ден. Иако не е лесно да се избрише од главата мечот со Хрватска и развојот на настаните, турнирот не дозволува враќање назад и потребно е фокусот да го насочиме кон мечот со нашиот старт познаник, Австрија на исландскиот селектор Јоханесон.Капитенот Лазаров останува на ставот дека постигнатото до овој момент е респектабилен резултат и дека против Австрија нашиот тим отворено ја најавува фаворитската улога:
Прце на „ладење„ во следните три меча
![]()
Репрезентативецот на БиХ, Никола Прце ќе паузира на три официјални натпревари, заради казната која синоќа му ја изрече IHF. Нема да може да настапи на утрешниот натпревар со Хрватска и на првите натпревари од „Президент Купот„. Пријавата за Прце дојде од судиите и делегатот, по натпреварот со Тунис каде делегацијата на БиХ имаше многу забелешки на судењето на Сантош и Фонсека од Португалија.
IHF финансиски ги компензира клубовите и федерациите од мундијалот
![]()
Светската куќа на ракометот за учество на мундијалот на секоја национална федерација ќе му додели одличен бонус од 25.000 швајцарски фанци. Дури и клубовите ќе добијат компензација за секој играч што настапува во Катар. Висината на финансиската компензација зависи од пласманот на репрезентацијата и од бројот на деновите кои се минати во Катар. Слична практика воведе од пред неколку години и ФИФА.
Хансен го стигна Лазаров на листата за најкорисен играч
![]()
Микел Хансен по добриот настап против Русија стигна до бројката 42 поени кога ќе се соберат головите и асистенциите. Сега и Хансен и Лазаров се на врвот со по 42 поени. Словенецот Гајиќ е неприкосновен на лидерската позиција на врвот на листата на стрелците.




