Раул прозиваше, селекцијата скоро комплетна за баражот со Романија
![]()
Македонската ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките пред баражот со Романија за пласман на Светското првенство во Германија и Данска. На списокот на селекторот Раул Гонзалез за овој двомеч беа повикани 20 ракометари, но на првиот собир недостасуваа Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вчера ги одиграа последните натпревари во Бундеслигата.
Нант со победа и трето место ја заврши француската лига
![]()
Нант - Маси 41:35 (19:20)
Ракометарите на Нант со победа ја завршија сезоната 2017/18, во која го остварија најголемиот успех и играа финале на Лигата на шампионите во првата сезона во која клубот се натпреваруваше во најелитниот европски Куп. Избраниците на Тјери Анти, со Кирил Лазаров во стројот, беа поздравени од домашната публика по одличниот викенд во Келн и го совладаа Маси со 41:35.
Раул го скрати списокот на 20 имиња за баражот со Романија
![]()
Селекторот на mашката сениорска репрезентација, Раул Гонзалез, го закажа првиот официјален собир за подготовките за бараж натпреварите за СП 2019 против Романија. Собирот е закажан за 4 јуни 2018 (понеделник) со почеток од 16.30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје. Веднаш потоа, ќе се одржи и првиот тренинг на репрезентацијата, од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски". Селекторот Раул Гонзалез, за собирот повика 20 ракометари:
Лазаров: Играњето за националната репрезентација е чувство кое не може да се опише
![]()
Кирил Лазаров од 2008 година е заштитно лице на Хумел и се појавува во многу кампањи, рекламни спотови и иницијативи на скандинавскиот концерн. Во интервју за официјалните медиуми на Хумел, Лазаров раскажува за своите почетоци, соработката со Хумел, националната репрезентација.
Раул го објави поширокиот список за баражот со Романија
![]()
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари, на кои ќе смета за двете бараж средби за пласман на Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.
Лазаров: Ни недостигаше искуство, за 80% од соиграчите ова е прва сезона во ЛШ
![]()
Нант испиша историја и се најде на само неколку минути од европската титула. Сепак, поголемото искуство и подолгата клупа на Монпелје дојде до израз и во последните пет минути го доби натпреварот.
Лазаров одигра импресивно финале, Нант немаше сили за одличниот Монпелје
![]()
Нант - Монпелје 27:32 (13:16)
Монпелје е нов европски првак во ракомет, откако во финалето во „Ланксес Арена" во Келн го победи Нант на импресивниот Кирил Лазаров со 32-26. Ова е втора европска титула за Монпелје.
Лазаров најдобар актер, Нант преку ПСЖ во финалето на ЛШ!
![]()
Нант – ПСЖ 32:28 (17:14)
Ракометарите на Нант испишаа историја и во првиот обид обезбедија финале на Лигата на шампионите. Кирил Лазаров уште еднаш одигра лидерски и со осум гола го водеше својот тим до историска победа над ПСЖ во првото полуфинале на Ф4 во Келн. Финалните 32-28 со водство во текот на сите 60 минути, покажува колку зрело одигра тимот на Анти во полуфиналето.
Лазаров го урна рекордот и е најдобар стрелец во историјата на Ф4
![]()
Со шестиот гол на натпреварот меѓу Нант и ПСЖ, Кирил Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Македонскиот ас ги мина Јиха и Илиќ на вечната листа и сега има вкупно 59 погодоци.
Лазаров: Ние дојдовме растеретени, ПСЖ е тука по титулата
![]()
Кирил Лазаров е чест гостин во „Радисон Блу" во Келн, каде што се сместени сите четири екипи учесници на Ф4 турнирот на Лигата на шампионите. По пристигнувањето македонскиот ас говореше за многубројните медиуми.




