Флензбург со полн плен се враќа од Нант
![]()
Нант – Флензбург 31:34 (16:18)
Дерби дуелот на неделната понуда од првото коло на Лигата на шампионите го одиграа Нант и Флензбург. Пред преполна сала во Франција, германскиот шампион извојува победа со 31:34 и една од ретките екипи која го совлада Нант во неговиот дом.
Тешка победа за Нант во дуелот со Данкерк
![]()
Нант - Данкерк 20:19 (9:10)
Нант е подготвен за новата сезона на Лигата на шампионите. Во вториот натпревар од француското ракометно првенство, европскиот вицешампион потешко од предвиденото го победи тимот на Данкерк со 20:19. Клучен период во натпреварот беше среидната на второто полувреме кога Лазаров и соиграчите направија серија 4:0 и стигнаа до значаен триумф.
Почнува Лигата на шампионите, Нант дебитира против Бундес-шампионот
![]()
Официјално започнува новата сезона во Лигата на шампионите со Нант како вицешампион во минатата сезона. Во своето второ учество во елитата, францускиот клуб се надева дека може да ја повтори одличната мината сезона и да стигне до самиот крај на натпреварувањето.
Лесна гостинска победа за Нант на почетокот од францускиот шампионат
![]()
Понто-Комбо - Нант 22:32 (12:21)
Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и Нант со победа ја отворија новата сезона во францускиот шампионат. Нант беше подобар од Понто-Комбо со 22:32 (12:21) во дуел од првото коло. Победникот беше решен уште во првиот дел, а во вториот дел немаше никаква неизвесност, а Лазаров и соиграчите само ја одржаа високата предност.
Лазаров постигна осум гола од осум обиди, Нант трет на „Трофејот на шампионите“
![]()
Ракометарите на Нант го освоија третото место на „Трофејот на шампионите" во Монбељард. Европскиот вицешампион го победи првакот на Франција ПСЖ со 45-46, дури по изведувањето на дури 23 пенали. Нашиот капитен беше прецизен двапати во пенал рулетот. Двете екипи погодуваа се до ударот на Сагосен, кој беше сопрен од Сифер и Нант победи со 45-46.
Нант прокоцка победа, во финалето на Трофејот на шампионите ќе игра Монпелје
![]()
Во финалето на Трофејот на шампионите ќе играат Сант Рафаел и Монпелје. Во драматично второ полуфинале, Нант на Кирил Лазаров прокоцка победа против европскиот првак Монпелје и загуби со 33:31 после седмерци, откако натреварот во регуларниот тек заврши 29:29.
Почнува француската сезона со Трофејот на шампионите
![]()
Овој викенд со Трофејот на шампионите во Монбељард, официјално почнува француската ракометна сезона. Во игра е првиот трофеј, Суперкупот на Франција, кој минатата сезона го освои баш Нант на нашиот Кирил Лазаров. Оваа сезона турнирот е најсилниот можен и ќе се соочат сите три екипи кои играа во мај на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.
Лазаров: Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров својата мисија „Ракомет за секое дете" преку отворање на школи низ Македонија ја започна официјално пред една година.
Нант го победи Вардар за крај на турнирот во Стразбур
![]()
Ракометарите на Нант го освоија петтото место на турнирот во Стразбур на кој учествуваат најдобрите екипи од континентот. Во третиот натпревар во четири дена, европскиот вицешампион го победи Вардар со 29-27. Екипата на Тјери Анти со одлично второ полувреме го прекрши егалот кој го одбележа првиот дел.
Веспрем го надигра Нант на турнирот во Стразбур
![]()
Ракометарите на Нант го претрпеа и вториот пораз на турнирот во Стразбур, кој е подготовка за Турнирот на шампионите, чиј трофеј европскиот вицешампион го брани од минатата сезона.




