Кирил Лазаров: Тука сме сите исти без разлика од каде доаѓаме
![]()
Вчера во Охрид стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" со традиционален пречек на 150 кампери од страна на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров. Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.
Лазаров, Омејер, Ловгрен и ревија на ѕвезди на прошталниот натпревар на Јиха
![]()
Еден од најдобрите чешки ракометари на сите времиња, Филип Јиха вчера го одигра и последниот натпревар во кариерата. Во Плзен, Кил и ѕвездите против Барселона и ѕвездите го одиграа натпреварот кој означи крај на кариерата на некогашниот соиграч на Кирил Лазаров.
Лазаров дипломира со чиста десетка на Факултетот за физичка култура
![]()
Легендата на македонскиот ракомет, Кирил Лазаров денес дипломира со чиста десетка на Факултетот за физичка култура под менторство на Гино Стрезовски. Лазаров само неколку часа по пласманот на Светското првенство во Германија и Данска и авионскиот лет од Клуж до Скопје, ја бранеше дипломската тема посветена на ракометот.
Македонија се избори за ново СП
![]()
Романија – Македонија 26:25 (12:11)
Македонската ракометна репрезентација се квалификува за Светското првенство во Германија и Данска, откако загуби од Романија во вториот натпревар игран во Клуж со 26:25.
Лазаров: Да ни понудеа ваква разлика пред мечот, сигурно ќе прифатевме
![]()
Очекувањата исполнети - Македонија собра одлична залиха од осум гола за реваншот во Романија. Победата од 32-24 беше зачинета со водство во текот на сите 60 минути и атрактивна игра на скоро сите македонски репрезентативци.
Лазаров диригираше, Македонија со +8 патува за Клуж
![]()
Македонија – Романија 32:24 (15:10)
Македонската ракометна репрезентација стекна високи осум гола капитал пред реваншот против Романија во баражот за пласман на Светското првенство во Германија и Данска. Со мали исклучоци водевме во текот на сите 60 минути и стигнавме до сигурна победа од 32:24
Нант ќе се соочи со Монпелје во полуфиналето на „Трофејот на шампионите“
![]()
Ракометарите на Нант ќе се соочат со европскиот шампион Монпелје во полуфиналето во рамките на „Трофејот на шампионите". Покрај Нант и Монпелје, во второто полуфинале ќе играат Сант Рафаел и ПСЖ, кој ќе биде предводен од Раул.
Биди најгласниот осми играч. Заедно со РЕХАУ биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8
![]()
Компанијата РЕХАУ како партнер на македонската ракометна репрезентација, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, кој во недела ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски во Скопје организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари. Поддршка која ќе биде и повеќе од потребна за остварување на целта - продолжување на настапите на големите смотри.
Лазаров за детството: Трениравме на цемент, патиките ги киневме на две недели!
![]()
Кирил Лазаров за www.deca.mk се наврати на своите детски денови, на првите чекори во спортот, на предизвиците пред кои бил исправен и на жртвата што избирал да ја прави во име на огромната љубов кон спортот
Лазаров: Овој бараж е посебен, Мундијалот може да води на Олимписките игри
![]()
Денес со првиот собир и веднаш потоа попладневен тренинг официјално започна „операцијата Романија" за македонскиот селектор Раул Гонзалез. Предводени од капитенот Лазаров, нашите ракометари како носители ќе ја имаат и улогата на фаворити во двомечот. По првиот собир капитенот изјави:




