Нант со реми го испрати Мешков Брест и закажа четвртфинале со Скјерн
![]()
Нант - Мешков Брест 28:28 (14:17)
Ракометарите на Нант првпат во својата историја изборија пласман во четврфтиналето на Лигата на шампионите и се наоѓаат на еден чекор до пласман на завршниот турнир во Келн. Во возвратниот дуел од осминафиналето, Нант и Мешков Брест во Франија одиграа без победник, 28-28 и благодарение на убедлива победа во првиот натпревар во Белорусија, екипата на Кирил Лазаров ќе игра во четвртфиналето.
Нант се откажа од Купот по одлуката за доигрување на четвртфиналето
![]()
Бранителот на титулата во Купот на Франција, Нант се откажа од настап во ова натпреварување. Откако Француската ракометна федерација одлучи да се преиграат последните десет минути од четвртфиналниот дуел против Ним и тоа без публика, клубот за кој игра нашиот Кирил Лазаров поднесе жалба. Откако истата беше одбиена, одлучи да се откаже од дуелот кој беше предвиден за попладнево од 18.00 часот.
Лазаров веќе е во одлична форма, Нант го надигра Тулуз
![]()
Нант – Тулуз 32:28 (14:16)
Ракометарите на Нант прокнижија нова победа во францускиот шампионат, откако во дуелот од 19. коло пред своите гледачи го совладаа тимот на Тулуз со 32:28 (14:16) со подобро второ полувреме од противникот. Одличен натпревар зад себе остави Кирил Лазаров, кој потврди дека влегува во форма по повредата и постигна четири гола, некои во клучната фаза од натпреварот.
Кирил Лазаров во идеалниот тим на последната деценија!
![]()
Развојот на ракометната игра го доведе овој спорт да биде многу популарен во новиот милениум, а за тоа големи заслуги има и еден македонски ракометар. Имено, капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров се најде во „Куќата на славните" на ракометниот спорт за последната декада и во идеалниот тим на светот по 2010 година. Лазаров е во одбрано друштво на легенди на овој спорт.
Блесок на Лазаров, Нант во Белорусија го визира четвртфиналето на ЛШ
![]()
Мешков Брест – Нант 24:32 (14:16)
Ракометарите на Нант се наоѓаат пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во првиот осминафинален меч го совладаа првакот на Белорусија, Мешков Брест на гостински терен со 24:32 (14:16). Со ова постигнување Нант ќе го оствари најголемиот успех во историјата на клубот во најсилниот европски Куп.
Три гола на Лазаров, Нант ремизираше кај Аикс
![]()
Аикс – Нант 28:28 (12:17)
За првпат по повредата на Европското првенство, Кирил Лазаров се најде на теренот во дресот на Нант. Во рамките на 18. коло на францускиот шампионат осминафиналистот на Лигата на шампионите, иако цело време водеше, само ремизираше со Аикс во гости со 28:28 (12:17). Нашиот репрезентативен капитен постигна три гола во периодот во кој доби шанса за игра.
Раул го објави списокот за ЕХФ неделата и мечот со Русија
![]()
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот од 19 ракометари на кои ќе смета на подготовките за време на ЕХФ неделата што ќе трае во периодот од 2 до 8 април 2018 година.
Нант против Монпелје во полуфиналето на Купот на Франција
![]()
Ракометарите на Нант го дознаа противникот во полуфиналето на Купот на Франција, кое го обезбедија откако го победија Ним во тешка четвртфинална борба. Лазаров и другарите на 15 април пред своите гледачи ќе се сретнат со лидерот во шампионатот Монпелје. Се игра само еден натпревар, а победникот ќе се пласира во мајското финале во Париз.
Монпелје, Шамбери и ПСЖ се потенцијални ривали на Нант во Купот
![]()
Денес со одигрувањето на четврфтиналните натпревари од Купот на Франција во ракомет, познати се сите полуфиналисти кои ќе играат за пласман во финалето на 14 и 15 април.
Нант е првиот полуфиналист во Купот на Франција
![]()
Нант - Ним 27:26 (11:14)
Ракометарите на Нант се првиот патник на Ф4 на Купот на Франција, чиј трофеј го бранат од минатата година. Во многу тежок дуел избраниците на Тјери Анти дури во последните десетина минути го скршија отпорот на жилавите гости. Дуелот го следеа 4.600 гледачи кои уживаа до драматичниот дуел во Нант.




