Монпелје го порази Нант на турнирот во Стразбур
![]()
Во реприза од финалето на Лигата на шампионите во Келн, вечерва во Стразбур, француските клубови Нант и Монпелје се соочија во турнирски дуел. Монпелје имаше повеќе енергија и стигна до победа од 31:27 (15:15). Дури во вториот дел екипата на Канаје го скрши отпорот на Нант и побегна на 26:20.
Нант го победи Шартр во предсезонски тест натпревар
![]()
Ракометарите на Нант запишаа уште една победа во подготвителниот период за новата сезона. Екипата на нашиoт Кирил Лазаров го победи второлигашот Шартр, екипата која во последните две сезони го освои турнирот во Струга, со 28:34.
Нант трета година по ред го освои „Шпаркасен Купот“!
![]()
Ракометарите на Нант го освоија првиот трофеј во новата сезона, откако трета година по ред триумфираа на „Шпаркасен Купот" во Штутгарт. Овој успех се надоврзува на победата во Лисабон против Бенфика пред една недела. Вчера Лазаров и другарите го надиграа данскиот Есбјерг и бундеслигашот Штутгарт. Денес Нант извојуваа тесна победа над Гепинген со 27-26 (16-13) и потврди дека уште во август делува спремно за новата сезона.
Нант и Лазаров триумфално се вратија од Лисабон од дуелот со Бенфика
![]()
Кирил Лазаров и Нант ја отворија сезоната со пријателски меч во Лисабон, во кој ја совладаа домашната Бенфика со 29-31.
Македонските младинци го освоија ЕХФ шампионатот и се изборија за учество на ЕП
![]()
Младинската репрезентација на Македонија оствари голем успех и се пласира на Европското првенство. Момците на Данило Брестовац вечерва триумфираа на ЕХФ шампионатот во Скопје, откако во финалето полесно од очекувањата ја совладаа Белорусија со 29:23 (15:10).
Нант ги започна подготовките за новата сезона
![]()
Европскиот вицешампион Нант денес ги започнува подготовките за новата натпреварувачка сезона. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ја стартува својата втора сезона во Франција. Тој покрај себе од денес има уште еден поранешен соиграч од Барселона, бидејќи во Нант се врати репрезентативното крило Валеро Ривера.
Шести роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров
![]()
На 7 јули во 2012 година официјално во етер зачекори официјалната веб страна на најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња, Кирил Лазаров. Во овие шест години овој медиумски простор стана редовен сервис за настапите на нашиот капитен, за неговите клубски и репрезентативни активности, за неговата приватност и слично.
Нант ги дозна противниците во групата на Лигата на шампионите
![]()
Европскиот вицешампион Нант на Кирил Лазаров ги доби противниците за следното издание на Лигата на шампионите. Францускиот претставник кој доби вајлд-карта за учество во најсилниот европски Куп ќе биде дел од групата Б.
Македонија ќе дебитира против Јапонија на Мундијалот
![]()
Македонската ракометна репрезентација го дозна и распоредот на натпревари на Светското првенство во Германија и Данска. Во рамките на Б групата ќе дебитираме против Јапонија, а последниот петти натпревар во Минхен го играме против Исланд.
Македонија во група со Хрватска и Шпанија на Мундијалот
![]()
Македонија ги доби противниците за Светскот првенство во Данска и во Германија следната година. Нашиот национален тим ќе биде дел од групата Б што ќе се игра во Минхен, Германија, а за ривали ги доби Хрватска, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија. Три од овие шест селекции ќе играат во главната групна фаза во Келн.




