
1.000 љубители на ракометот во спортската сала „Боро Чурлевски" во Битола го посетија вториот дел од манифестацијата во чест на легендарниот навивач Мате Шундовски. Битолчани се вратија во минатото, аплаудираа и се забавуваа во играта на Поповски, Димитровски, Николовски, Атанасовси, Манасков, Ѓорѓиевски и уште многу, многу други.
Комбинираниот тим на Пелистер и школата на Кирил Лазаров (КЛ7) ја совлада македонската репрезентација, предводена од Пепи Манасков со 24-22. Сеќавањата и насмевките ги задоволија битолчани во навраќањето во најубавите денови на битолскиот ракомет.
Ова иницијатива треба да стане традиционална и да се одржува секоја година воочи 11 октомви во Битола.