Дебакл и осмо место за Македонија во Мерсин
![]()
Медитерански игри - Мерсин (Турција) - 2013 година
Македонија - Тунис 19:35 (10:16)
Македонската ракометна репрезентација го освои осмото место во конкуренција на 10 репрезентации на Медитеранските игри во Турција, по последниот пораз од Тунис со 19:35. Така неславно заврши првиот настап на Македонија на Медитеранските игри.
Барселона тргнува од Скопје
![]()
Барселона патот кон освојување на европската круна ќе го почне од Скопје. Познат е и редоследот на натпревари во Ц групата на Лигата на шампионите.Првиот и последниот меч новата екипа на Лазаров ќе го игра во гости кај Вардар и кај победникот на квалификационата група. Еве како изгледааат сите 10 средби од првата фаза на Лигата на шампионите на каталонскиот гигант.
Лазаров: „Одлична група, среќен сум за мечевите во Париз и Скопје„
![]()
Веднаш по виенската ждрепка за новата Лига на шампиони, Кирил Лазаров го изрази своето задоволство од противниците во првата фаза. Посебно за некои од нив .
Барса во група со ПСЖ и Вардар, а можеби и со Металург
![]()
Кирил Лазаров и неговиот нов клуб Барселона, вечерва ги дознаа своите пет противници во Лигата на шампионите за сезоната 2013/14. По денешната ждрепка во Виена, шпанскиот првак ќе биде во групата Ц заедно со моќниот француски ПСЖ на Микел Хансен и Даниел Нарцис, македонскиот првак Вардар засилен со новиот спонзор Самсоненко и официјални засилувања како Тоскиќ, Дибиров и Стефан Терзиќ, швајцарскиот Вакер Тун и два противника кои ќе бидат познати по квалификационите турнири, а еден од нив е и турнирот на клубови со Вајлд-карта (Металург, ПИК Сегедин, Монпеље, Висла Плок).
Лазаров и Барса во август во Хрватска
![]()
Хрватските медиуми ја потврдија веста дека големата шпанска Барселона со двете последни засилувања Лазаров и Карабатиќ во август ќе бидат гости во оваа ракометна земја. На 27 август нашиот ас ќе биде дел од спектакуларниот меч во Загреб, на кој ќе настапи со неговиот нов клуб Барселона Интерспорт.
Победена Турција за крај на турнирот
![]()
Медитерански игри - Мерсин (Турција) 2013 година
Македонија - Турција 24:23 (9:9)
Македонските ракометари со победа го завршија настапот во групата на Медитеранските Игри, откако денес беа подобри во пресметката со Турција (24:23). Во Адана, која останува со лоши спомени за нашиот ракомет, македонските репрезентативци одиграа солиден меч и му го нанесоа првиот пораз на домашната селекција. Не беше лесно да се заборават разочарувачките порази од Италија и од Србија и да се забележи втората победа во натпреварувањето.
ФОТО: Лазаров се забавува играјќи тенис
![]()
Додека светот на тенисот е насочен кон Вимблдон и неофицијалното светско првенство во тенис на трева, најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров слободното време во Скопје го минува забавувајќи се со тенис на земја.
Македонија немаше сили за пресврт
![]()
Медитерански игри - Мерсин (Турција) 2013 година
Македонија - Србија 19:27 (11:13)
Втор пораз во третиот натпревар на Медитеранските игри во турскиот Мерсин за нашите ракометари. Против силната Србија,момците на Андон Бошковски постојано го „ловеа„ противничкото водство, а иако два пати дојдоа до -1, немаа сили за комплетен пресврт.
Пораз од Италија во Мерсин
![]()
Медитерански игри – Мерсин (Турција) 2013 година
Македонија – Италија 20:33 (10:19)
Во вториот меч на Медитеранските игри, попладнево Италија ни одржа ракометна лекција и ни го нанесе првиот пораз од 33:20. Уште по првото полувреме се наѕираше поразот што ни го приредија македонските ракометари. 10:19 по 30 минути игра, а наместо со ангажирана игра во вториот дел, ракометарите потфрлија и во продолжението.
Победа за Македонија на стартот од Медитеранските игри
![]()
Медитерански игри - Мерсин (Турција) 2013 година
Македонија - Алжир 27:26 (13:11)
Продолжуваат позитивните вибрации за македонскит машки ракомет. Ракометна репрезентација со подмладен и изменет тим успешно го стартуваше својот настап на Медитеранските Игри, откако во својот премиерен натпревар во групата славеше над селекцијата на Алжир со минимални 27:26.




