Познат распоредот на „Жолтиот Куп“: Македонија отвора со Бахреин
![]()
По контролниот натпревар против Хрватска на крајот од 2025 година, македонската ракометна репрезентација ќе тестира уште на три меча пред Европското првенство. Познати се термините за настап на нашите ракометари за настапот на „Жолтиот Куп".
Лазаров: Да ја подобриме психолошката подготовка и самодовербата пред Европското првенство
![]()
Mакедонската ракометна репрезентација е комплетна со доаѓањето на Мартин Томовски и со сите сили ја одржува формата пред турнирот во Швајцарија и подоцна патот за Хернинг. Селекторот потенцира дека менталитетот е многу важен и само со правилен пристап можеме да се надминеме себеси во Данска.
Лазаров: Промашивме пет пенали, така не се победува Хрватска
![]()
Македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 23-26 во првата контролна средба пред почетокот на Европското првенство. Избраниците на Кире Лазаров го имаа првиот тест, во Пореч игравме против Хрватска која не беше во најсилниот тим со кој ќе биде на континенталниот собир. Хрватскиот селектор им даде продолжен одмор на главните ѕвезди.
Пораз на македонските ракометари на тестот со Хрватска во Пореч
![]()
Хрватска - Македонија 26:23 (14:11)
Македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска (26:23), на првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство кое започнува на средина на следниот месец.
Карасманакис се повреди, дополнително повикан Маркоски
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изврши принудна измена со составот на ракометари кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство, откако на подготовките во Скопје се повреди кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.
Лазаров: Оптимист сум, имаме слатка мака кого да избереме
![]()
На редовната седница на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот, Кирил Лазаров ги презентираше своите планови за претстојното Европско првенство во Норвешка, Шведска и Данска.
Лазаров меѓу номинираните во изборот за тренер на годината
![]()
Националните спортски федерации се подготвуваат за изборот за спортист на 2025 година. Веќе се најавени најсериозните кандидати за престижните признанија кои ќе се доделуваат во неколку категории. Селекторот на машката ракометна репрезентација и на освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп со Алкалоид, Кире Лазаров е номиниран за тренер на годината. Негови протикандидати се: Магомед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), Дејан Митровски (кик-бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).
Кирил Лазаров е тренер на годината во изборот на РФМ
![]()
Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, е прогласен за најдобар тренер за изминатата година на манифестацијата во организација на Ракометната федерација на Македонија.
Лазаров: Јапонците играат речиси совршен ракомет, попладнево заслужено победија
![]()
Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Јапонија во вториот контролен натпревар, а во рамките на ЕХФ неделата. Откако пред два дена во Скопје, зад затворени врати, Македонија славеше со 29:27, денеска пред кумановската публика загуби со 31-32.
Јапонија за нијанса подобра во вториот пријателски дуел со Македонија
![]()
Македонија - Јапонија 29-27 (17-16)
Македонската машка ракометна репрезентација загуби од Јапонија со 31-32 во вториот пријателски натпревар одигран во Куманово. Ова беше втор дуел, по првиот затворен натпревар одигран во Скопје на 30 октомври, кој Македонија го доби со 29-27.
Повеќе артикли...
- Македонија ги надигра јапонските „самураи“ во првиот контролен натпревар
- Лазаров: Нашиот ракомет има богата историја, фановите покажаа дека ја сакаат оваа игра
- Собир на ѕвезди на ревијалниот натпревар за роденденот на „Спортско радио 90,3 ФМ“
- „Јапонија е противник по мерка, ми се допаѓа нивниот стил“




