hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Напредок од четири места за македонската репрезентација на ЕХФ ранкинг листата

Makedonija-rakomet-mazi1

Македонската ракометна репрезентација напредуваше за четири позиции на новата ранкинг листа на Европската федерација.

Нашиот национален тим е на петнаесеттото место a веднаш зад нас се Србија, Фарски Острови, Чешка, Полска и Италија. Новиот европски шампион, Данска, е лидер на листата пред Франција и Германија.

Место во првите десет имаат и Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Од 11. до 14. место се ставени Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија.

Share