Лазаров: Имаме уште доста работи за поправање

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Во овој момент нашите момци се наоѓаат во Швајцарија каде се дел од меѓународниот турнир „Жолтиот Куп".
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници на стартот го совладаа Бахреин. Предводникот на нашиот национален тим направи анализa на одиграното.
„Задоволни сме што сме овде на овој силен турнир, што го избравме за да имаме квалитетни контроли пред Европското првенство. Добро трениравме, победивме против една борбена репрезентација како Бахреин. Имаме доста работи за поправање, не сме баш задоволни од играта, но ова е само прв меч. Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подобри, па потоа и уште подобри на третата и полека ќе ја кренеме формата за она што ни претстои – настапот на Европското првенство", истакнува Лазаров.
Македонија денеска го игра вториот меч, за противник ја има селекцијата на Украина.




