hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија со победа го отвори „Жолтиот Куп“ во Винтертур

mkd bahrein

Македонија - Бахреин 32:28 (15:13)

Македонската ракометна репрезентација издвојува триумф над Бахреин од 32:28 во првиот натпревар на „Жолтиот Куп" што се игра во Винтертур.

Ова за избраниците на Кирил Лазаров беше прва контрола во 2026 година, имавме добри и лоши моменти, но она што е најважно шанса за настап добија сите ракометари и воедно запишавме победа.

Бахреин даде силен отпор, ама нашата селекција секогаш го имаше последниот збор, па така двете полувремиња ги добивме со два разлика, првото со 15:13, второто со 17:15.

Прв стрелец во македонската репрезентација беше Кузмановски со девет погодоци.

Утре не очекува пресметка со Украина од 17:45 часот, а в сабота ќе излеземе на мегдан со Швајцарија.

Share