hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија ќе спарингува против Австрија во март во Брегенц

AUTvsMKD4

Селекторот Кирил Лазаров веќе ги планира активностите за 2026 година. По ждрепката за баражот за Светското првенство во Германија, нашиот национален тим ја проектира иднината и ќе се обиде во оптимална форма да го дочека двомечот од баражот во мај против Словачка или Украина.

Австриската ракометна федерација објави дека македонската ракометна репрезентација ќе биде спаринг партнер на избраниците на Икер Ромеро за време на ЕХФ неделата во март. Натпреварот меѓу Австрија и Македонија ќе се одигра во Арената „Риден Ворклостер" во Брегенц на 21 март од 18:00 часот.

Овие две селекции последен пат се сретнаа во Вараждин, на Светското првенство во јануари 2025 година и дуелот заврши нерешено.

Украина или Словачка ќе биде противник на македонската репрезентација во баражот за учество на Светско првенство, а Полска или Летонија ќе ја предизвикаат Австрија.

Share