Лазаров: Заминуваме во Франција желни за успех
![]()
Пред заминувањето на Светското првенство во Франција, македонската репрезентација денес одржа прес-конференција на која говореше и капитенот Кирил Лазаров.
„Hummel“ изработи специјално брендирани патики за Кирил Лазаров
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција, кое започнува на 11 јануари ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Hummеl". Патиките данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во нашите национални бои.
Честит Божиќ !
![]()
Официјалната веб страница на Кирил Лазаров (www.lazarovkiril7.com) на сите граѓани на Република Македонија, на сите вљубеници во спортот и сите читатели на оваа веб страна им ги честита Божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот.
Македонија и третпат ја совлада Босна во подготовките за Мундијалот
![]()
Македонија - БиХ 32:30 (17:13)
Трета победа на македонската ракометна репрезентација во пријателската средба меѓу сениорските селекции на Македонија и Босна и Херцеговина. Нашата репрезентација славеше овој пат со 32:30 (17:13) во затворениот натпревар во спортската сала во Автокоманда.
Македонија ја совлада БиХ и во вториот пријателски натпревар
![]()
Македонија - БиХ 35:31 (19:17)
Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот натпревар постигна победа над Босна и Херцеговина. Вечерва во натпревар од затворен тип без гледачи Македонија победи со 35:31 (19:17).
Положен првиот тест пред Мундијалот против БиХ
![]()
Македонија – БиХ 28:24 (16:11)
Во првиот и единствен отворен тест пред заминување на Светското првенство во Франција, македонската ракометна репрезентација ја совлада БиХ со 28:24 (16:11).
Червар го скрати списокот за Мундијалот на 21 име
![]()
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција.
Кирил Лазаров е спортист на Македонија за 2016 година
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е спортист на Македонија за 2016 година според Агенција за млади и спорт. Лазаров ги победи пливачот Томи Стефановски, како и Емил Павлов (карате), Милан Кубин (кик-бокс) и Никола Ѓорѓиев (одбојка). Ова е третпат Лазаров да биде прогласен за спортист на Македонија во тековната година.
Кирил Лазаров е Супербренд на Македонија
![]()
Компании, личности и производи вчера беа прогласени за Супербрендови во Македонија како признанија за најсилни пазарни марки во нашата земја за 2015 и 2016 . Наградите ги додели Superbrands - меѓународната организација во Македонија.
Лазаров дојде до 52 трофеи во кариерата
![]()
Со освојувањето на ASOBAL Купот, Кирил Лазаров веќе има трофеи во сезоната в џеб. Со освоениот трофеј во Леон попладнево, нашиот репрезентативен капитен дојде до бројката 52 трофеи во кариерата.




