Лазаров: Најважно е што во финалето во Келн ќе има Македонци
![]()
Кирил Лазаров воочи „фајнал-фор" за интернет страницата на ЕХФ зборуваше за своите успеси со Барса, но и за очекувањата воочи мечот со Вардар.
Барса со порака на македонски јазик се прости од Лазаров
![]()
Кирил Лазаров вчера го одигра последниот натпревар во „Палау Блауграна" во дресот на Барселона. Пред натпреварот против Хуеска на двајцата ракометари кои заминуваат на крајот од сезоната, Барса ги награди со подароци, а на подарокот на нашиот капитен на македонски јазик пишуваше: БЛАГОДАРАМ МНОГУ, КИРИЛ...
Проштална победа и перфектна лига за Лазаров и Барселона
![]()
Барселона – Хуеска 29:28 (15:16)
Ракометарите на Барселона се изнамачија, но ја победија Хуеска со 29:28 (15:16) и ја заокружија ASOBAL лигата со перфектни 30 победи. Така, четврта сезона по ред Каталонците ги добија сите натпревари од домашниот шампионат, што се поклопува со пристигнувањето на Лазаров. Нашиот капитен одигра 120 натпревари и забележа 120 победи во шпанската елита и заминува во Нант со максимални четири титули.
Лазаров меѓу петте најдобри стрелци во историјата на Ф4 во Келн
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во пресрет на годинешниот Ф4 турнир во Келн, се најде на листата од пет најдобри стрелци на завршните турнири.
Силен интернационален тим оваа година ќе работи со учесниците на кампот на Лазаров
![]()
На нешто помалку од еден месец до стартот на третиот камп на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров, се комлетира тренерскиот кадар кој и оваа година ќе ги пренесува своите искуства и знаења на повеќе од 300 дечиња од Македонија, Романија, Србија, Босна, Словенија, Шведска, Данска...
Барса слави кај Анаитасума и на чекор до четврта перфектна ASOBAL лига
![]()
Хелветиа Анаитасума - Барселона 22:28 (10:13)
Ракометарите на Барселона ја прокнижија и 29 победа во ASOBAL лигата и сега се наоѓаат на само една победа до својата четврта перфектна лига. По победата попладнево против Хелветиа Анаитасуна со 22:28 (10:13), на момците на Пасквал им преостанува само уште еден натпревар за бодови и обидот на двата завршни турнири да освојат уште два трофеи. Во Леон Барса ќе го брани Купот на Кралот, а во Келн ќе се обиде да го врати трофејот од Лигата на шампионите.
Кире Лазаров е најдобар ракометар во 3 и 4 коло од евро-квалификациите
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров доби убаво признание, прогласен е за најдобар ракометар во квалификациските дуели кои се одиграа во месец мај.
Лазаров со уште едно признание: Избран во идеалниот тим на мајските квалификации
![]()
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е избран во идеалниот тим на ЕХФ за изминатите две кола, двомечот со Исланд во Скопје и Рејкјавик. Лазаров е прогласен за најдобар десен бек, а со 40 постигнати гола е убедливо прв на лусттаа на стрелците во овој квалификациски циклус.
Барса ја прослави титулата, Лазаров со 950 гол во ASOBAL лигата
![]()
Барселона - Анхел Хименез 37:29 (19:13)
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се врати во тимот на Барселона по неиграњето против Пуерто Сагунто во средата и постигна два гола во победата над Анхел Хименез во „Палау Блауграна" со 37:29 (19:13). Со овие два гола Лазаров стигна до вкупна бројка од 950 погодоци во ASOBAL лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад Rеал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.
Лазаров не настапи, Барса триумфално се враќа од Валенсија
![]()
Пуерто Сагунто – Барселона 24:32 (12:14)
Кирил Лазаров заради повреда на тетивата не отпатува со екипата на Барселона на гостувањето во Валенсија против Пуерто Сагунто, но и без него првакот забележа нова победа, 27 во исто толку натпревари во шпанската ASOBAL лига. Момците на Чави Пасквал го совладаа жилавиот домаќин со 24:32 (12:14).




