hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија демонстрираше силен отпор, но загуби во Рејкјавик

islandmkd

Исланд - Македонија 30:29 (16:16)

Во четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска во 2018 година, македонската репрезентација загуби во Рејкјавик од Исланд со 30:29 (16:16). И покрај поразот избраниците на Раул Гонзалез имаат подобар меѓусебен скор од својот скандинавски ривал пред одлучувачките две кола во јуни.

Повеќе...

Лазаров: Драго ми е што децата не доаѓаат поради мене, туку за да учат ракомет

kamp lazarov

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" оваа година ќе ја има својата трета епизода која ќе биде реализирана од 20 јуни до 2 јули во Охрид. Капитенот на ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на денешната прес-конференција го најави организирањето на овој камп по трет пат. Досега ова ќе биде најмасовен камп, а организаторот КМГ Спорт најави дека се е подготвено за самиот камп. Кирил Лазаров со голема радост исткана дека неговата идеа од пред неколку години расте од година во година, а во проектот најавено е присуство на над 300 деца, поделени во две групи.

Повеќе...

Лазаров имаше свое шоу, Македонија со голема победа над Исланд

кире со исланд

Македонија - Исланд 30:25 (15:13)

Македонската ракометна репрезентација со победа над Исланд од 30:25 (15:13) ги продолжи квалификациите за ЕП во Хрватска. На дебито на новиот селектор Раул Гонзалез, нашите ракометари блеснаа и во целост го надиграа големиот и престижен противник. Исланѓаните отворија со два погодоци, по што следуваше проектил на Филип Талески 1:2. Капитенот Лазаров беше прецизен од пенал за 2:2, а по одбраната на Ристовски , Стоилов и Лазаров погодија за 4:2. Палмарсон ја намали негативата на Исланд 4:3, но Талески повторно беше прецизен за 5:3. На 5 минути пред крајот нашите ракометари стигнаа до највисоки 14:10. Исланѓаните беа посигурни во нападот и дојдоа до само два негатива со звукот на сирената која означи крај на првиот дел 15:13.

Повеќе...

Барселона против Вардар во полуфиналето на ЛШ

ehf f4

Шпанскиот ракометен првак Барселона  го доби Вардар како противник во полуфиналето  на Ф4 турнирот во Келн. Македонските репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски ќе имаат можност да ги одмерат силите со „вардарци“ во битка за место во големото финале.

Повеќе...

Раул прозиваше, Македонија во комплетен состав го одработи попладневниот тренинг

раул деби

Новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез ги одржа првите тренинзи со нашиот национален тим. Во позитивна атмосфера, Шпанецот го направи првиот попис на повиканите ракометари за двомечот против Исланд во квалификациите за ЕП 2017.

Повеќе...

Барса го надополни поразот од Кил, Лазаров на својот петти Ф4

barca f4

Барселона е вториот патник на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет и му се придружи на Вардар кој визата за „Ланксес арената" ја извади во четвртокот навечер. Барселона во „Палау Блауграна" пред 6.000 гледачи го совлада Кил со 23:18 (13-9) и Лазаров по петти пат ќе игра на завршен турнир.

Повеќе...

Лазаров номиниран за место во идеалниот тим на ЛШ

kire mvp

Европската ракометна федерација го отвори гласањето за избор на Ол-стар тимот на годината во ова најелитно натпреварување. Гласањето ќе трае до 30 мај, а за прв пат во конечниот избор на најдобрите ќе учествуваат медиумите и експертите.

Повеќе...

Раул Гонзалез го скрати списокот за двомечот со Исланд

mkd - fra 6

Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на повикани ракометари за првиот собир од подготовките за квалификациските натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на ЕП Хрватска 2018.

Повеќе...

Активен пораз од два разлика на Барса во Кил, одлуката в сабота

kiewwwerr

Кил - Барселона 28:26 (16:15)

Кил ја совлада Барселона со 28:26 (16:15) во првиот натпревар од четвтфиналето на Лигата на шампионите во ракомет. Одлуката за патникот на „фајнал-фор" ќе падне следната сабота во „Палау Блауграна".

Повеќе...

Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија

kire 7

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во интервју за шпанскиот најтиражен спортски весник „DIARIO AS" говореше за скоро сите актуелни теми поврзани со неговиот клуб, репрезентацијата и приватниот живот. Ги откри и своите почетоци поврзани си кошарката и одлуката да се посвети на ракометната игра.

Повеќе...